Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија

Објавено May 15, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Долга, но многу конструктивна посета и разговор. Вака претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја оцени средбата која ја имаше денес со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

-Јас цврсто верувам дека проширувањето е заедничка цел која ја споделуваме и ова е најдобрата геостратешка инвестиција во мир, стабилност и безбедност што сите можеме да ја направиме. Ја поздравувам одличната работа која што беше завршена од страна на Македонија, од вашата Влада во поглед на реформската агенда и напредокот кој беше постигнат. Мораме да ја искористиме оваа можност да направиме стратешка инвестиција, да ја завршиме, како што се Коридорите 8 и 10. Во текот на нашата средба јас повторив дека иднината на Македонија е во Европската Унија. Постигнавме поприлично многу досега и дискутиравме за преостанатите чекори кои треба да бидат превземени за да се заврши овој процес, рече Кошта.

Претседателот на Европскиот совет го охрабрил Мицкоски да ги вложи свопите напори за понатамошен напредок.

-Почитуван Христијан, можете да сметате на нас, на Европската Унија, затоа што ние ви стоиме на располагање, подготвени да ви помогнеме да ја искористите оваа динамика. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и во борбата против корупцијата. Сакам да ја уважам вашата усогласеност со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика и поддршката за Украина. Верувам дека вашите натамошни ангажмани и на меѓународниот форум ќе ги покаже нашите заеднички вредности, рече Кошта.

Кошта оцени дека пристапниот процес е маратон, а не брза трка. Процесот рече е напорен и може да фрустрира, но дека со решеност и напорна работа Македонија ќе успее до крај со заобиколување на пречките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски пред Кошта: Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции – патот е фрустрирачки, а уште не почнал
Следна Статија Кошта ни порача дека мора да се исполни тоа што е ветено во 2022 година, но знае колку тоа е тешко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Снегот нема да ги изненади институциите, вели Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Платите на функционерите ќе се кратат, Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони

На 89. пленарна седница Собранието ја утврди потребата за носење пакет закони со кои ќе се нивелираат платите на избраните…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?