Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност
МАКЕДОНИЈА

Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Објавено May 15, 2025 13:16
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што известуваат оттаму, Тошковски во своето обраќање на самитот дадл осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот – мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност. Министерот Тошковски зборувал и за нашите искуства со управувањето со мигрантската криза, справувањето со трговијата со дрога и организираниот криминал, како и за нашата оперативна соработка со НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери.

Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани, потенцирал Тошковски.

Министерот Тошковски на маргините на самитот оствари значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодари за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум.

Договоривме интензивирање на соработката на техничко ниво помеѓу двете институции, со акцент на размена на знаење и искуства, особено во делот на дигиталната трансформација и имплементацијата на алатки базирани на вештачка интелигенција во полициското работење, нагласи министерот Тошковски.

Учеството на Светскиот полициски самит не е само симболично, тоа е реална можност за вмрежување со колеги од цел свет, за споделување добри практики и креирање партнерства кои водат до поефикасни, побрзи и покоординирани одговори на современите безбедносни предизвици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ТЕФЕРИЧ ПАК РАСЦВЕТА“: Фотографии од распукан асфалт осамнаа на социјалите мрежи како предупредување
Следна Статија Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димитриевски за фотографијата на Црвенковски: Секој има право да седи во кафеана со кого сака

Секој има право со кого сака да седи во кафеана, вели лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад …

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Се урива старата куќа во Охрид за која беше поднесено барање за итна заштита

Иако беше поднесено барање за итна заштита на објектот, утрово започна да се урива старата куќа на „Димитар Влахов“, објави…

May 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Затворен за сообраќај магистралниот пат кон граничен премин во земјава

Од 15:20 часот магистралниот пат А3 Делчево – граничен премин Делчево, кај с.Ѕвегор, е затворен, информира АМСМ. Затворањето е за…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?