Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп
БАЛКАН

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

Објавено May 15, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Српската агенција Бета пренесе вест од Франс Прес кои објавија денеска дека функционер на службата за заштита на културното наследство во Србија признал дека фалсификувал документ за зградите на локацијата каде што зетот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе гради хотел.

Случајот се однесува на поранешното седиште на Сојузниот секретаријат за одбрана на СФРЈ и Генералштабот на ЈНА во срцето на Белград, кое беше бомбардирано неколкупати во 1999 година за време на нападите на НАТО.

Двете згради, што се делумно урнати, беа класифицирани како заштитени „културни добра“ во 2005 година. Во мај 2024 година, Србија потпиша договор со компанијата „Афинити партнерс“, основана од зетот на Трамп, Џаред Кушнер, која отстапува земјиштето на 99 години.

Во ноември, српските власти одлучија да го отстранат местото од листата на заштитени споменици, отворајќи го патот за Џаред Кушнер и неговиот проект за луксузен хотел и апартмани. Ова предизвика негодување и протести, пишува француската агенција, пренесе Бета.

Обвинителството за организиран криминал спроведе прелиминарна истрага, а сомнежот падна врз привремениот директор на Заводот за заштита на спомениците, каде што во понеделникот беше спроведен претрес, а Горан Васиќ е осомничен за „злоупотреба на службена положба“ и изработка на „фалсификати“ – предлог дека локацијата нема статус на културно богатство.

Преку Министерството за култура, тој ѝ испратил на владата „фалсификуван предлог, направен без учество на експерти од Институтот за конзервација“, известува агенцијата и посочува дека врз основа на тој документ владата одлучила да го повлече „статусот на културно добро“ од тие згради.

Во изјавата на обвинителот пишува дека Васиќ со тоа „предизвикал штета на културното наследство на Република Србија, кое требало да го зачува“.

Во времето на изградбата во 1965 година, обете згради биле почит кон кањонот на реката Сутјеска, каде што партизаните ја добиле решавачката битка против германските сили во 1943 година.

„Њујорк тајмс“ го нарече случајот „непријатна компликација“ за Кушнер и го цитираше „Афинити партнерс“ дека ќе го „разгледа случајот и ќе ги утврди следните чекори“.

Се очекува Кушнер да биде во Тирана в сабота на самит за инвестиции во Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин
Следна Статија Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска

Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е уверен оти ЕУ нема да воведе санкции за претставниците…

April 8, 2025
БАЛКАН

Силен земјотрес во Грција: Сè се тресе, зградите се оштетени, луѓето се во паника… (ВИДЕО)

Жителите на Крит се загрижени откако силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди островот рано…

May 22, 2025

На протестот во Скопје за правосудниот испит не му пречеа: Рама не сака Албанци од Македонија на протести во Тирана

Албанскиот премиер, Еди Рама, преку објава на Фејсбук се спротистави на учеството на граѓани од Косово и Македонија на протестите…

June 22, 2026
БАЛКАН

Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво

Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?