Албанија би можела да стане членка на Европската унија пред крајот на деценијата, изјави во четврток претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Доколку Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи на Европската Унија пред 2030 година“, рече Коста на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.
„Сè зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет.
Рама неодамна обезбеди четврти мандат со својата Социјалистичка партија на парламентарните избори. За време на изборната кампања, Рама им вети на Албанците пристапување во Европската Унија до 2030 година.
Од 2014 година, Албанија е официјален кандидат за членство, а преговорите се во тек од 2022 година. Земјата е членка на НАТО од 2009 година. Известувачите неодамна обајвија дека забележалае „одреден напредок“ во борбата против корупцијата.