Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени
ЗДРАВЈЕ

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Објавено May 16, 2025 18:51
Сподели
Сподели

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по враќањето на поголемиот број повредени од болниците во Скопје и во други држави околу нивната рехабилитација и понатамошен третман на повредите.

Два месеца по трагичниот пожар во клубот „Пулс“, младите кои се здобија со изгореници добиваат физикална терапија, за што се обезбедени посебни оддели, а се вршат и секојдневни преврски на повредите.

-Има наменски простории на одделенијата за хирургија и за неврологија, за да се избегне метежот и чекањето пред ординациите. Со повредените работи еден специјалист по физикална медицина со тројца физиотерапевти кои минатата недела ја завршија дополнителната обука што се спроведе со поддршка од Светската здравствена организација. Дополнително имаме уште еден лекар специјалист и тројца терапевти од болницата во Штип. За лицата со изгореници се прават преврски од страна на двајца хирурзи, четири инструментарки и дополнителни тимови со лекари од пластична хирургија од Скопје. Во моментов околу 40 повредени добиваат физикална терапија, а преврски се прават кај повеќе од 70 лица, истакна Кристина Серафимова, директорка на Општата болница.

Поради сериозноста на повредите третманот и рехабилитацијата ќе трае најмалку една година, а напорите на медицинските лица се што побрзо да им овозможат на повредените да функционираат самостојно.

-Се работи за три вида симптоми што се појавени кај повредените. Кај оние со изгореници има контрактури, односно вкочанување на зглобовите на местата каде што се повредите, и станува збор претежно за рацете. Кај другите деца, кои се повредени при стампедото има нагмечување на долните екстремитети и кај третите, коишто се со интоксикација на јаглеродниот моноксид, има дополнителни симптоми, за што се прават вежби за дишење заради зголемување на белодробниот капацитет, додава Серафимова.

Вчера бил остварен контакт со ракводството на Институтот за физикална медицина и рехабилитација Козле од Скопје при што е договорено екипи од лекари и медицински сестри да ја посетуваат болницата во Кочани за да помогнат за подобра рехабилитација на повредените.

Последните објекти на Општата болница во Кочани се изградени во почетокот на 80-те години, а останатите се од пред седум децении, поради што на здравствената институција ѝ е потребно обновување и од просторен аспект, но и со опрема.

-Најмногу од сѐ ни недостасува медицински персонал, а реално на целата болница ѝ недостасува едно убаво реновирање, заклучи директорката на Општата болница – Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар со грабнувањето
Следна Статија Стармер во Тирана повика на мир во Украина: Русија одолговлекува и игра игри

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Таравари: Годинава морталитетот на Детската клиника – Скопје е помал од минатите години

Министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, изјави дека морталитетот на Клиниката за детски болести во…

November 10, 2024
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа

Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори,…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо отворено да ги искажат своите грижи и чувства,…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?