Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до испад на 110 киловолтната преносна мрежа,информираа од МЕПСО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до испад на 110 киловолтната преносна мрежа,информираа од МЕПСО
МАКЕДОНИЈА

Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до испад на 110 киловолтната преносна мрежа,информираа од МЕПСО

Објавено May 18, 2025 09:56
Сподели
Сподели

Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО.

-Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО.

Оттаму информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.

-Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија, посочуваат од АД МЕПСО.

Ноќеска поголемиот дел од државата краткотрајно остана без напојување со електрична енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
Следна Статија Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Без минусни температура утрово, максималната ќе се искачи до 17 степени

После студените утра, денеска нема место измерено со минусна температура. Најстудено, невобичаено беше во Гевгелија, каде беа измерени два степени.…

January 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, а не на билатерални спорови, порача Мицкоски

Европската Унија мора да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, односно на постигнувања, а не…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Рекордни резултати на МВР и најниско ниво на криминал во последните 20 години

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?