Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на уставен судија и да достави нов предлог до Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на уставен судија и да достави нов предлог до Собранието
МАКЕДОНИЈА

Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на уставен судија и да достави нов предлог до Собранието

Објавено May 19, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт, вели министерот за правда Игор Филков, во врска со изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска.

На денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, каде беа промовирани електронските алки за издржување казна куќен затвор, Филков нагласи дека согласно одлуката на Управен, Судскиот совет е должен да ја повтори постапката, земајќи ги во предвид препораките на судот и да достави нов предлог до Собранието.

– Надлежност на извршување на пресудата на Управниот суд има само Собранието, односно во конкретниот случај Судскиот совет така што должност на Судскиот совет е согласно одлуката на Управниот суд да ја повтори постапката и да ги земе предвид препораките и да достави нов предлог до Собранието, рече Филков.

Прашан што ќе се случува со одлуките кои судијката ги има донесено во изминатите две години откако ја извршува функцијата, Филков рече дека ќе треба да се почека, да се види.

Управниот суд ја донесе ваквата одлука по две години од изборот на Дуковска, која најпрво беше избрана во Судскиот совет со поддршка од 11 гласа и двајца „против“, а потоа и официјално изгласана во законодавниот дом во април 2023 година.

Покрај Дуковска, предложени беа уште две кандидатки кои ги исполнуваа условите. Тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека со изборот на Дуковска, Судскиот совет го прекршува Уставот бидејќи не ги ставил на гласање другите двајца кандидати, додека, тогашниот член на Судскиот совет Зоран Герасимовски пред пратениците рече дека Судскиот совет не пристапил кон гласање за другите двајца кандидати, бидејќи „законот не предвидува дека за кандидат ќе биде утврден предлогот кој добил најмногу гласови, туку според редоследното гласање се утврдува оној кој го добил потребното мнзоинство, а тоа е најмалку осум гласа од членовите на Советот со право на глас“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски неделава го потпишува Стратешкиот договор во Лондон, најави британскиот амбасадор
Следна Статија Пронајден починат маж во Велес, телото предадено на обдукција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува учениците и нивните родители да го користат упатството што е доставено пред две недели во…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски запали свеќи на гробовите на загинатите во Кочани, за родителите неговиот потег е човечки и достоинствен

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Кочани ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот кој…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија на 51 место според индексот за мир

Македонија се најде на 51 место на Глобалниот индекс на мир  што објавен од Институтот за економија и мир (IEP). Индексот рангира…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме…

May 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?