Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Објавено May 19, 2025 20:11
Сподели
Сподели

Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија даде свое видување Британискиот амбасадор во Република Македонија Метју Лосон во гостување во Топ тема на Сител ТВ.

-Мислам дека ове е навистина историски момент во нашите билатерални односи меѓу Британија и Македонија. Како што слушнавте од премиерите ние објавивме стратешко партнерство во рамки на кое се потпишува и договор Влада со Влада кој ги поставува условите за поголема трговска размена од Велика Британија во земјава, истакна амбасадорот Лосон.

Тој истакна дека, причината поради која го правиме ова е тоа што со Вас имаме Договор за трговија потпишан пред 5 години, но на двете страни постоеше мислење дека е погодно време да се постигне Стратешкото партнерство за сета добра работа која ја работиме и да се направи дополнителен исчелкор.

Она што граѓаните ќе го видат е уште поблиска соработка со Велика Британија за значајни прашања, како НАТО партнери ги тренираме вашите вооружени сили за заедничко учество во НАТО, имаме фантастична соработка на сите полиња од глобални теми до надворешна политика, министерката за образование ќе биде во Лондон оваа недела на Светскиот образовен форум, па гледаме можност за соработка во образованието, културата, и секако продлабочување на нашата соработка во борбата со организираниот криминал и миграцијата, изјави Метју Лосон.

-Навистина, еве најдоброто го оставам за крај, како ваш втор најголем инвеститор, според вашите податоци, околу половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија и ова е дел од договорот Влада со Влада за забрзан чекор и продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. Ние како Велика Британија сме слободна трговска нација и мислиме дека ова ќе даде импулс – работиме многу напорно за формирање на Британска бизнис асоцијација, имаме фантастична листа на бизниси тука кои веќе инвестирале и кои сакаат да ја продлабочат нашата врска, изјави Лосон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крстот на синџирчето на Цеца има големо значење
Следна Статија Енди Мареј прави храна за мачки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

За повикот од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да пријави доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија на Град…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел. Сега има аргументи и „за“ и „против“. Јас сум…

April 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?