Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Објавено May 20, 2025 15:30
Сподели
Сподели

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.

Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.  

– Владата на Обединетото Кралство става на располагање шест милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација, рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Тој информира дека соработкат ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и националните политики на двете земји.

Покрај најавените проекти во инфраструктурата и здравството ќе се разменуваат знаења и практики во повеќе области.

Николоски најави дека владината делегација во Лондон ќе има средби и со министерите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече, очекува да произлезат и нови летови кон Скопје.

Клучниот инфраструктурен проект од договорот е изградба и реконструкција на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а планирани се и инвестиции за изградба на Медицински факултет во Штип и на студентски дом.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“
Следна Статија Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почина новинарката Ирена Радовановиќ

Денеска почина новинарката Ирена Радовановиќ. Погребот ќе биде на гробиштата во Радишани на ден 9 мај 2026 г. (сабота) во…

May 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова вели дека е очекувана одлуката на Уставниот суд за подготвителна седница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за иницијативите за Законот за употреба на…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Кај секое петто боледување во МВР има злоупотреба

Четири пати полицаец сменил матичен лекар за да вади боледувања. Ова е еден од примерите за злоупотреби во боледувањата во…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје

Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, организиран од повеќе граѓански иницијативи и…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?