Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија
Blog

Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија

Објавено May 20, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Француската компанија за обновлива енергија Акуо Енерџи потпиша договор за откуп на електрична енергија (PPA) со Електропривреда на Србија (EPS), државната електроенергетска компанија, за ветерниот проект Бела Анта 2. Договорот се однесува на целиот инсталиран капацитет од 80 MW и вклучува преземање на обврска за балансирање. Проектот се развива преку Matrix Power, специјално основано правно лице во целосна сопственост на Акуо Енерџи. Бела Анта 2 е еден од проектите што добија поддршка во рамки на втората аукција за обновливи извори на енергија во Србија, спроведена на почетокот на 2025 година.

Акуо обезбеди договор за компензација на разлики во цена (Contract for Difference – CfD), кој што овозможува ценовна стабилност и сигурност за инвеститорите. Со ова, проектот се вбројува меѓу најголемите ветерни паркови досега договорени со EPS во рамки на новиот пазарно ориентиран модел за поддршка. Компанијата соопшти дека целата електрична енергија произведена од Бела Анта 2 ќе се испорачува на српскиот пазар, со што се зајакнува енергетската безбедност и се поддржува транзицијата кон почиста енергија.

„За нас е чест што можеме да ги поддржиме целите на Србија за обновлива енергија во партнерство со Електропривреда на Србија. Овој договор е доказ за силната институционална поддршка и нашата заедничка посветеност на забрзување на зелената транзиција во земјата“ – изјавија од Акуо Енерџи.

Акуо Енерџи е независен глобален производител на електрична енергија од обновливи извори – ветер, сонце и складирање, кој истовремено развива, инвестира и управува со енергетски проекти. Компанијата е присутна во целиот процес – од развој и финансирање, до изградба и управување со капацитетите. Со седиште во Париз и над 450 вработени, Акуо реализира проекти во повеќе од дваесет земји. До крајот на 2024 година, компанијата имаше 1,9 GW во функција или изградба и проектно портфолио од над 12 GW.

Со речиси две децении искуство, Акуо успешно има реализирано проекти во копнени ветерни паркови, фотоволтаици, хидроенергија, биомаса и батериски системи за складирање на енергија (BESS). Во Централна и Источна Европа управува со над 324 MW, со особено силно и стабилно присуство во регионот на Западен Балкан.
Акуо планира дополнително проширување на своето присуство во Србија. Еден од најнапредните следни проекти е ветерниот парк Башаид (85 MW) во близина на Кикинда, кој веќе има добиено сите потребни дозволи и е подготвен за изградба. Дополнително, компанијата истражува можности за нови соларни и хибридни проекти низ целата земја. Со потпишувањето на договорот за Бела Анта 2, Акуо ја зацврстува својата долгорочна посветеност на енергетската транзиција на Србија и на развојот на стабилен и одржлив енергетски систем во регионот.

Покрај активностите во Србија, Акуо Енерџи има амбициозни планови и во Македонија. Компанијата планира да инвестира до 270 милиони евра во изградба на соларен парк со капацитет од 350 до 400 MW во близина на Штип, преку локалната фирма Остро Солар. Станува збор за еден од најголемите проекти за обновлива енергија во земјата, кој што претставува значаен чекор во проширувањето на регионалното портфолио на Акуо. Со оваа инвестиција, компанијата ја зацврстува својата посветеност кон енергетската транзиција во регионот и придонесува за развој на одржлив енергетски сектор во државата.

За Акуо
Акуо е независна глобална компанија за обновлива енергија. Компанијата го опфаќа целиот процес – од развој и финансирање до изградба и управување со проекти. До крајот на 2024 година, Акуо имаше вкупен капацитет од 1,9 GW во функција или во изградба, како и портфолио на проекти од над 12 GW. Со повеќе од 450 вработени, компанијата, со седиште во Париз, Франција, развива проекти во повеќе од дваесет земји низ целиот свет.
Повеќе информации: www.akuoenergy.com

=

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година
Следна Статија Мицкоски најави нов договор со европска држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Расте цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 12 проценти минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво од крајот на јануари, бидејќи…

June 16, 2025
Blog

Ердоган: Откриени нови резерви на природен гас во Црното Море

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во Црното Море се откриени нови резерви на природен гас од 75 милијарди…

May 18, 2025
Blog

Шел го проширува присуството во Македонија со нова бензинска станица во Кавадарци

Шел со задоволство го најавува отворањето на нова бензинска станица на влезот во Кавадарци, лоцирана на улица „Методија Андонов Ченто“…

November 18, 2024
Blog

Европска централна банка: Повторно функционираат платните трансакции во евра

Европската централна банка (ЕЦБ) вечерва извести дека „инцидентот е решен“ и дека TARGET 2 Securities (T2), систем за порамнување хартии…

February 27, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?