Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави нов договор со европска држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски најави нов договор со европска држава
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Објавено May 20, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија на државата посочувајќи дека се преговара со седум инвеститори и дека се нудат сите технолошко-развојни зони во државата. Најави наскоро договор со друга европска држава.

  • Во моментот имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме во јавност. Се уште не се избрани локациите за три од овие седум инвестиции, а дел од понудата што ја даваме до заинтересираните странски инвеститори се сите технолошко индустриско развојни зони, вклучително и таа во Делчево и таа во Кочани така што ние можеме да дадеме наши лични приоритети, но сепак конечниот збор го имаат инвеститорите, рече Мицкоски.

Во однос на патната инфраструктура и евентуално изградбата на нов експресен пат Делчево-Виница-Кочани, Мицкоски потенцираше дека во моментот се работи на три автопати.

  • Очекувам многу скоро да го заокружиме Влада со Влада, договорот со една друга европска држава во која ќе бидат опфатени сите локални, регионални и магистрални патишта, реконструкција на постојните и изградба на нови, рече Мицкоски.

Во делот на новиот повик на Агенцијата за вработување што треба да биде објавен наскоро, а предвидува поголеми мерки со поддршка за младите, премиерот подвлече дека овој повик имал законски усогласувања, кои се поминати или се во фаза на поминување во Парламент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија
Следна Статија Независните кандидати полесно ќе стануваат градоначалници и пратеници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади…

March 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари

До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе биде проширен опсегот, изјави…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?