Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Независните кандидати полесно ќе стануваат градоначалници и пратеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Независните кандидати полесно ќе стануваат градоначалници и пратеници
МАКЕДОНИЈА

Независните кандидати полесно ќе стануваат градоначалници и пратеници

Објавено May 20, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Уставниот суд ги укина членовите од Изборниот законик со кои се зголемија квотите на граѓански потписи кои требаше да ги соберат независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Корпусот на измени на Изборниот законик, меѓу кои и овие, беа донесени во март минатата година, во пресрет на ланските претседателски и парламентарни избори, а требаше да важат и за овогодинешните локални избори.

Со одлуката на Уставниот суд од денешната седница се укинуваат членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик со кои се направи промена во членовите 61 и 62 од ИЗ, а кои се однесуваат на бројот на граѓански потписи кои треба да ги соберат независните кандидати за да се кандидираат на избори

Измените на ИЗ што беа донесени лани, а сега се укинуваат со одлука на Уставниот суд, предвидуваа независните кандидати за пратеници, советници или градоначалници да соберат еден процент граѓански потписи од вкупниот број запишани гласачи во конкретната изборна единица или општина каде што се кандидираат.

Пред измените, за учество во изборните циклуси независните кандидати требаше да соберат најмалку 1 000 потписи, независно од бројот на регистрирани гласачи во изборната единица или општината.

Судијата известител за овој предмет изрази сомнеж за ваквите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото, а дека дополнително постои сомнеж за нарушување на политичкиот плурализам.

Подносители на иницијативата до Уставниот суд со која се оспорија измените на Изборниот законик се Лилјана Поповска и група граѓани, преку полномошник, адвокатската канцеларија „Петрушева“ од Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави нов договор со европска држава
Следна Статија Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВАЖНА ВЕСТ: Одложено спроведувањето на пријавите за влез во ЕУ

Европската унија (ЕУ) одлучи да ја одложи имплементацијата на новиот систем за влез/излез (ЕЕС) во Шенген зоната, беше потврдено по…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ. Сеизмолошката опсерваторија соопшти…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Евидентирани над 240 лажни дојави за поставени бомби во училиштата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека полицијата денеска евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска обвини дека е следен тој лично, а што е најлошо,…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?