Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
СВЕТ

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Објавено May 21, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера откри повеќе детали за планираниот заштитен штит за воздушна одбрана на земјата, или „Златна купола“, наменет за одбивање дронови и проектили, пренесе ДПА.

Трамп рече дека системот вреден 175 милијарди долари ќе биде „целосно оперативен пред крајот на неговиот мандат“. Вториот мандат на Трамп треба да заврши во 2029 година.

Златната купола ќе се интегрира со постоечките одбранбени способности во САД, рече Трамп.

– Откако ќе биде целосно изградена, Златната купола ќе биде способна да пресретнува проектили дури и ако се лансирани од другата страна на светот и дури и ако се лансирани од вселената, додаде тој.

– Ова е многу важно за успехот, па дури и за опстанокот на нашата земја, нагласи Трамп.

Според него, Канада изразила интерес за учество во проектот.

Трамп потпиша извршна наредба, насловена „Железната купола за Америка“, за да го започне проектот само неколку дена по неговата инаугурација во јануари.

Оригиналната Железна купола е израелски ракетен штит, дизајниран на почетокот на 2000-те за пресретнување ракети со краток дострел, како и гранати и минофрлачи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН
Следна Статија Ќе се намалат ли летово гужвите на граница: Грција го зголемува граничниот персонал и ќе го надгради преминот Евзони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Голем руски напад врз Киев, најмалку 14 загинати, меѓу нив и Американец

Најмалку четиринаесет лица загинаа, а 40 се повредени по руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта.…

June 17, 2025
СВЕТ

Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика европските земји значително да ги зголемат годишните воени трошоци, на повеќе од 3 отсто…

March 3, 2025
СВЕТ

Захарова: Помилувањето на Хантер Бајден е „карикатура на демократијата“

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да…

December 2, 2024
СВЕТ

По 40 години борби против Тyрција, забранетата Работничка партија на Курдистан прогласи прекин на огнот

Забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) денеска прогласи прекин на огнот, слушајќи го повикот на нејзиниот притворен лидер Абдула Оџалан…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?