Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Објавено May 22, 2025 08:14
Сподели
Сподели

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти, ќе биде потпишан денеска во Лондон.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, јави известувачот на МИА од Лондон.

Посетата на британската престолнина Николоски кој предводи владината делегација во која се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

-Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија, изјави Николоски по средбата.

Тој потсети дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина. Досега е разговарано за три сета на проекти што се веќе потврдени – брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, потоа изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, и третиот изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Николоски кажа дека по потпишувањето на договорот влада со влада и по ратификацијата што ќе следи во македонското Собрание, ќе почнат и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу брзо време ќе објават детали по однос на нив.

Тој го појасни процесот на ратификација во двете земји.

-Кај нас договорот ќе се ратификува во парламентот, додека во Велика Британија го усвојува Владата. Потоа договорот станува ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоски.

Во текот на вчерашниот ден тој имаше и неколку политички средби на агендата, а оствари средба и со директорот на ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ на која станало збор за можноста за нови летови во земјава.

Договорот што ќе биде потпишан денеска, порано неделава беше усвоен од македонската Влада, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, кој се оценува како историски, е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни и претставува потврда за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски и економската соработка со Обединетото Кралство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каја Калас в петок во Скопје на средба со Мицкоски
Следна Статија Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

National Geographic ја прогласи Македонија за скриен бисер на Балканот: Храна, природа и автентичност без масовен туризам

Во најновата туристичка анализа посветена на балканските земји, престижниот „National Geographic“ ја издвојува Македонија како идеална дестинација за љубителите на…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Донев: На Дамева не ѝ беше местото таму

Проблемот кај нас е што оние реформи што ги предложи ЕУ за судскиот совет, сето тоа бара промена на Уставот.…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Големиот пожар кај Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Помалку дипломирани студенти во 2024 година, повеќето од нив се жени

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7.021 студент, што претставува намалување за…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?