Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
СПОРТ

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Објавено May 22, 2025 08:17
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ. Вардар го освои шестиот Куп во клупската историја, прв по пауза од 18 години.

Вардар до триумфот го предводеше младиот напаѓач Талевски. Ги постигна двата гола во 26. и 48.минута од натпреварот.

Струга имаше свои шанси во ова финале, но не искористи ниту една. Најдобрите не ги искористија Укпа, Радески и Кривањева кога резултатот беше 0:0. Откако Талевски го постигна првиот гол, Доминго ја погоди стативата.

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски го освои првиот трофеј во Купот, додека неговиот колега Илчо Ѓорѓиоски не успеа да дојде до трофејот во Купот и во своето второ финале.

Вардар со оваа победа избори пласман во квалификациите во Конференциската лига.

По мечот стратегот Гоце Седловски беше презадоволен.

„Сакам да им честитам на играчите на Вардар и на Струга. Сосема заслужено победивме, она кое го барав од сите, беше исполнето на теренот. Оваа екипа заслужува повеќе, знаете колку победи имаме оваа полусезона. Вакви фраери, им честитам. Знаете сами каде беше Вардар пред шест месеци, а каде е сега. Купот е заслужен. Верувам дека оваа екипа ќе се надградува и со неколку засилувања ќе дојдеме поинаку“, изјави Седлоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Следна Статија (Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон, убиецот е уапсен, извикувал „слобода за Палестина“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кочоски и Бузалковски се квалификуваа на „24 часа Ле Ман“

Македонските мотоциклисти Синиша Кочоски и Христијан Бузалковски и официјално ќе настапат на една од најтрадиционалните и најпрестижните авто-мото трки во…

April 19, 2025
СПОРТ

Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс со убедливи 115-93 го совлада Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден и дојде до првата…

May 11, 2025
СПОРТ

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман во следната квалификациска рунда во најелитното европско натпреварување oткако  вечерва го победи некогашниот европски…

July 30, 2025
СПОРТ

Реал со многу мака ја елиминираше Бенфика на Мурињо

 Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, во Винисису Жуниор гледа лидер на неговиот тим. Реал синоќа ја победи Бенфика со…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?