Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

Објавено May 22, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство.

По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни.

Засега толку можеме. И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Досега се расправашни голем број на сведоци, можеби над три стотини. Се надевам дека јавните обвинителите ќе ја завршат постапката предвидена со динамиката, рече Коцевски.

Тој повтори дека се работи на собирање и на нови докази и посочи дека ако јавните обвинители откријат нови моменти, истрагата ќе биде проширена.

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, досега се осомничени 68 физички и три правни лица.

Пожарот беше предизвикан од искри од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“. Дискотеката работела без валидна лиценца и прекршувала бројни безбедносни стандарди, вклучувајќи недостаток на противпожарни системи и доволно излези за евакуација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривични пријави против неколку лица од РЕК Осломеј, го оштетиле претпријатието за 597.080 денари
Следна Статија Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота

По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Свети Николе. Премиерот Мицкоски објави дека…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Љубовта меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче е нашата најголема историска љубов!

На романот за Гоце и Јанка работев, се подготвував и го пишував дваесетина години, вели во интервју за МИА Блаже…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?