Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад
СВЕТ

Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад

Објавено May 23, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Мајк Валц, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе е отпуштен поради користење на лошо заштитена копија од апликацијата „Сигнал“ за службени комуникации, но последиците од тој безбедносен скандал сè уште се присутни.

Како што пишува „Ројтерс“, хакер пристапил до податоци од израелската апликација „TeleMessage“, која била продадена на американската влада за архивирање на пораки од апликации како што е Signal, и со тоа добил податоци за многу поголем број службеници отколку што се сметало претходно.

„Ројтерс“ откри дека податоците на повеќе од 60 службеници биле протечени од системот „TeleMessage“. Меѓу нив се вработени во Стејт департментот, Белата куќа, службите за итни случаи и Тајната служба.

Иако пораките во многу случаи биле фрагментирани, новинарите можеле да ги видат телефонските броеви на владините службеници.

Надворешни корисници чии броеви беа исто така компромитирани, вклучувајќи работник за помош при катастрофи и вработен во финансиска институција, потврдија дека навистина размениле пораки со претставници на администрацијата на Трамп.

Работите тргнаа наопаку за Валц откако случајно го додаде главниот уредник на списанието „Атлантик“, Џефри Голдберг, во групата „Сигнал“ каде што официјалните лица дискутираа за воени планови, имено напади врз јеменските Хути.

Според информациите објавени од „Wired“, хакерот успеал да провали во серверот на „TeleMessage“ за помалку од 20 минути.

Откако добил пристап, хакерот пронашол датотека наречена „heapdump“, која содржела податоци за најавување, а бидејќи пораките биле архивирани без енкрипција, тој можел да види делови од самата комуникација.

Белата куќа издаде кратко соопштение во кое потврди дека е „свесна за инцидентот со сајбер безбедноста“, но не понуди дополнителни информации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал
Следна Статија Падна таван во гимназија во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот…

October 6, 2025
СВЕТ

Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители

Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење,…

January 4, 2026
СВЕТ

Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална…

August 15, 2025
СВЕТ

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека би го номинирала претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?