Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти
СВЕТ

Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти

Објавено May 23, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет.

– Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена – напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до институцијата од Ајви лигата, осврнувајќи се на главниот систем преку кој на странските студенти им е дозволено да студираат во САД.

Околу 7.000 странски студенти биле запишани на Харвард минатата академска година, покажуваат податоците на универзитетот, што сочинува 27,2% од неговите студенти.

Американската влада минатиот месец му се закани на Харвард со забрана на прием на странски студенти откако оттаму кажаа дека нема да потклекнат пред барањата на Трамп и беа замрзнати федерални средства за институцијата од 2,2 милијарди долари.

Белата куќа претходно испрати листа на барања до Харвард, чија цел е борба против антисемитизмот во кампусот. Тие вклучуваа промени во управувањето, праксите на вработување и во процедурите на запишување. Харвард ги одби барањата и ја обвини Белата куќа дека се обидува да го стави под своја контрола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш – 70 евра по возрасен
Следна Статија Бизнис во Бања Лука: Брачен пар продавале кокаин на тезга за крофни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Израел објави снимка од ликвидацијата на командантот на Иранската револуционерна гарда

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна…

June 21, 2025
СВЕТ

Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата мрежа „Трут соушл“ (Truth social) го коментираше приближувањето на Индија, Русија и…

September 5, 2025
СВЕТ

Франција забрани продажба на „вејпови“

Францускиот Парламент ја забрани продажбата на „вејпови“. Тие се особено популарни меѓу младите поради нивната ниска цена и разновидноста на…

February 13, 2025
СВЕТ

Јапонската жена, која беше најстарата личност во светот, умре на 116 години

Почина Томико Итоока, Јапонката која беше најстарата личност на светот според Гинисовата книга на рекорди, изјави во саботата официјален претставник…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?