Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Објавено May 23, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТВ.

Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка подршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.

При секоја посета на Лондон многу разговарам во делот на техничката подршка, тоа е нешто што е многу значајно, нешто што значи искуство и знаење и за мене тоа е еднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка подршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за “Crossrail”. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата “Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експрети и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина. На Македонија и фалат добро обучени кадри со искуство. За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен“ – истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каја Калас најави механизми за одблокирање на македонските евроинтеграции
Следна Статија Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

Иако веќе четири години се укинати мерките за заштита од ковид-19, угостителите во Скопје сè уште уживаат повластена цена од…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот Даме Груев во беровско Русиново

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени

Според нив, камерите не простуваат, но и не дискриминираат – секој прекршок се третира исто, без разлика кој е зад…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?