Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот

Објавено May 23, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и до нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на клиниката, уверувајќи дека по отворањето на случајот „Онкологија“ се воведени драстични промени во работата со цел стандардизирање на третманот на пациентите.

Апелираме до сите засегнати, посебно до нашите пациенти и до нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на нашата клиника. Имено на УК за радиотерапија и онкологија, а информирана е и целата јавност, дека по тој немил настан се воведоа драстични промени во работата со цел стандардизирање на третманот на пациентите со воведување редовни онколошки конзилиуми на кои се одлучува за третманот на пациентите во согласност со современите протоколи кои се усвоени од меѓународните стручни здруженија. Од УК за радиотерапија и онкологија апелираме за смиреност и доверба во персоналот на УК за радиотерапија и онкологија, кој навистина макотрпно работи. Ние сме тука пред сѐ за здравјето на пациентите и нивната благосостојба – информираат од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Како што соопшти вчера на прес-конференција предметната јавна обвинителка, Ана Гоговска Јакимовска предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози. Обвинителството, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднеле и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите
Следна Статија На Самитот на НАТО ќе има разговори помеѓу Македонија и Бугарија, ќе се вклучи и ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов

Доктор Игор Николов е одликуван со орден од Витез на националниот ред за заслуги на Франција. Орденот на Николов му…

April 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Во рамки на платформата во Владата – „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за…

November 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

Најдебелиот пациент во Центарот за слабеење имал 288 килограми, 40 пациенти со прекумерна тежина ќе може да се оперираат на Клиниката за дигестивна хирургија

288 килограми е најдебелиот пациент кој бил третиран во Центарот за справување и третман на обезност на Универизтатската клиника за…

March 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

На државната кардиохирургија е промовирана надградената хибридна сала, единствена во регионот од ваков вид

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?