Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Објавено October 3, 2024 21:26
Сподели
Сподели

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена сме на добар пат.

Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека и бројот на иселувања ќе се намали. Ова вечерва на телевизија „Сител“ го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Имав средба со раководства на универзитети, за да го подобриме квалитетот на образование. Сите сме согласни дека треба да се менува законот за високо образование, критериумите треба да се зајакнат.

Тргнуваме од предлозите на академската заедница, потоа би интервенирало Министерството.

Треба трудови со импакт фактори, треба проекти со Европската Унија, со истражувачки центри, вмрежување во европски мрежи на универзитети, верувам дека сето тоа ќе го постигнеме со тек на време.

Но, ќе треба и промени во нашите студиски програми, да им станат поатрактивни на студентите. Да ги подготват за пазарот на трудот, подвлече министерката.

Таа најави сериозна анализа на потребите на пазарот на труд.

Притоа, појасни дека квотите за упис ќе се одредуваат според потребите на пазарот на труд, ќе се стипендираат дефицитарните струки со соодветно обврзување, одреден дел од својот работен век да се вложи во сопствената држава.

Министерката рече дека определениот број образовни асистенти се влезени во училиштата, функционираат.

– Слушнав од неколку родители дека некаде недостасуваат, ќе распишеме дополнителен конкурс за одреден број, да дополниме, колку што дозволува буџетот.

За следна година ќе определиме повисок процент на средства, рече Јаневска.

Во врска со најавен протест на образовни асистенти, кои не добиле паричен надоместок со месеци, рече дека редовно примаат, но, дека таа не е виновна за она што се случувало пред оваа влада, имало наследено неисплатени обврски.

– Асистентите воопшто да не се вознемируваат, редовно ќе си примаат тоа што им следува, подвлече Јаневска. Таа истакна дека е навистина многу задоволна од начинот на којшто комуницираат со СОНК.

– Јас ги разбирам нивните ставови, па дури и благите закани дека ќе има протести или евентуално, штрајкови, тоа е нивна работа, како што наша работа е пак да се грижиме за буџетот како влада на државата и да го правиме она што е можно со тој буџет, истакна Јаневска.

Притоа, додаде дека имале неколку состаноци со претставници на СОНК, со премиерот, со министерката за финансии, министерот за економија, советникот за социјални партнери.

– Разговаравме неколку можности, како да направиме за да бидат задоволни наставниците.

Мислам дека ќе се најдеме во блиска иднина на една повеќегодишна развојна програма би рекла, каде ние како влада би се обврзале на постојано покачување на платите на наставниците до одредена сума на нето бруто плата, односно, она што тие го бараат во однос на основната или просечната плата.

Сеедно, како и да се договориме, методологијата ќе се изработи. Но, сѐ уште ни треба извесен период за да се доусогласиме и да видиме што ќе се случува и овој месец со буџетот.

Очекувам дека ќе имаме некакви позитивни исходи во блиска иднина, рече министерката.  Јаневска истакна и дека Националната комисија за учебници има многу работа.

– Новиот директор на Педагошката служба ме информираше дека имаат деветстотини заостанати предмети, тоа се авторски тимови, рецензии и така натаму.

Бирото за развој на образованието веќе работи на новите наставни програми за седмо и осмо одделение. Тие беа на јавна расправа, сега ги анализираат забелешките.

Договорени сме во текот на идната недела да имаме средба, ние не се мешаме во стручноста, но, да си размениме информации и продолжуваме со реформите на наставните планови и програми, на спроведување на едносменска и по можност, целодневна настава што е можно во повисоки одделенија, правиме анализи и планови за доградба на училници, изградба на училишта, нагласи Јаневска.

Таа изрази надеж дека општините ќе го искористат повикот за капитални инвестиции за вложување во образовната инфраструктура.

– Оние двесте и педесет милијарди што ќе влезат во општините за доградба на училишта и подобрување на инфраструктурата за образование, ќе градиме и спортски сали, значи големи промени очекуваме.

Но, се разбира, ден за ден, месец за месец, за да стигнеме до целта, подвлече Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на Нетфликс ја поддржа Камала Харис, корисниците масовно се откажуваат од претплатата
Следна Статија „Х“ сега вреди 80 отсто помалку отколку кога Маск го презеде како „Твитер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се бара одговорност: Ископувањата околу изворот „Шум“ се причина за матноста на водата во Струга

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија во длабока демографска старост, иселувањето клучен проблем – младите сакаат да живеат во средена држава

Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски и Лафчиски положија свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?