Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија

Објавено October 3, 2024 22:18
Сподели
Сподели

Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на владина седница и во Собрание со што очекувам до крајот на месецов средствата од заемот целосно да бидат трансферирани во земјава, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

„Во периодот од 7 до 9 октомври министерската за финансии ќе биде во главниот град на Унгарија каде што официјално ќе биде потпишан заемот и очекувам до крајот на овој месец да биде целосно трансфериран кај нас, а потоа половина од заемот, односно 250 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на бизнис заедницата кај нас по истите услови, а останатите 250 милиони евра ќе бидат користени за капитални инвестиции кои тековно ќе се реализираат што не значи дека ќе ги потрошиме веднаш и сега“, рече Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5.

Средствата ќе се трошат, додаде, во зависност од реализацијата на капиталните инвестиции.

Повеќе од пет милијарди денари од унгарскиот кредит, како што кажа, до крајов на годинава ќе бидат распределени за капитални инфраструктурни проекти во општините. Дополнително за таа намена следната година ќе бидат издвоени уште 15 милијарди денари.

„Можете да замислите каков ќе биде одѕивот следната година ако сега за пет милијарди денари што се предвидени да се дадат до крајот на годинава има повеќе од 300 проекти и на повикот аплицирале сите општини во земјава. Мислам дека веќе е завршена евалуацијата за проектите и очекувам веќе следната недела да се потпишат договорите што ќе значат нешто што досега не се случило“, рече Мицкоски.

Истакна дека очекува до крајот на годинава да бидат искористени околу 30 отсто од предвидените пет милијарди денари, а другите да се прелеат во буџетот за следната година. Како што кажа, општините нема да добиваат пари од државата за проектите, туку ќе им се исплаќа на изведувачите за завршената работа. Тоа позитивно ќе влијае на ликвидноста на буџетот.

За повикот за следата година очекува околу 1.000 проекти со што, како што вели, ќе се случи епски и историски развој на општините со реализација на проектите финансирани од централниот буџет.

„Тоа ќе биде озбилна инвестициска градежна офанзива“, потенцира Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мендух Тачи ja прекинал соработката со Европскиот фронт
Следна Статија Макрон: ЕУ може да умре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во тек се преговори за „Рајанер“ да лета од Скопје

За време на неодамнешната посета на Лондон, македонските власти оствариле важна средба со раководството на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ (Ryanair),…

May 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот економски поглед на претседателот на ФЕД Џером Пауел беше…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гигант за конзервирана храна во областа на Заливот затвора погон во Калифорнија, намалувајќи 600 работни места

Дел Монте Фудс, компанија за конзервирана храна со седиште во Волнат Крик, ги затвора операциите во својата фабрика за конзервирање…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?