Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Два пати заѕвони телефонот на Трамп на прес-конференција: Се јавуваат да ни честитаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Два пати заѕвони телефонот на Трамп на прес-конференција: Се јавуваат да ни честитаат
СВЕТ

(Видео) Два пати заѕвони телефонот на Трамп на прес-конференција: Се јавуваат да ни честитаат

Објавено May 24, 2025 18:10
Сподели
Сподели

Доналд Трамп одржа прес-конференцијата во Овалната соба, посветена на нуклеарната енергија, но, вниманието го привлече неговиот „ајфон“, кој ѕвонеше двапати додека се обидуваше да ги објасни новите тарифи.

Ох, телефонот ми ѕвони, не ви пречи, нели? – рече Трамп, насмеан додека посегнуваше по апаратот.

„Во ред, тоа е само еден конгресмен“, се пошегува тој, ставајќи го телефонот со лицето надолу на масата.

Неколку секунди подоцна телефонот повторно заѕвони, на што Трамп со насмевка рече: „Уште еден конгресмен“.

„Се јавуваат да ни честитаат“, кратко рече тој, а потоа продолжи со прес-конференцијата.

Со текот на годините, беше посочувано дека Трамп не користи е-пошта или СМС, а во судскиот процес во 2022 година, неговата адвокатка Алина Хаба рече:

„Претседателот Трамп не користи електронска пошта, не испраќа СМС пораки и нема работен компјутер дома или на работа“.

Трамп претходно најави воведување тарифа од 25 отсто за „Епл“, незадоволен од фактот што компанијата префрли дел од своето производство од Кина во Индија, а не во САД.

„Им реков, во ред, одете во Индија, но ако сакате да продавате тука, ќе мора да платите тарифи“, рече Трамп.

На прашањето од новинарите како „Епл“ може да си дозволи американско производство по конкурентни цени, Трамп одговори:

Денес сè е толку компјутеризирано. Тие погони се неверојатни ако ги погледнете“.

Таа изјава директно е во спротивност со неговите тврдења дека царините ги штитат американските работни места, бидејќи автоматизацијата не создава нови работни места, туку ги заменува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оваа земја ги казнува „телефонските зомби пешаци“: Казни до 200 евра за невнимателна употреба на мобилните телефони при одење
Следна Статија Икс не е достапен за корисниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Анализа: Како може Израел да држи толку отворени воени фронтови

Газа, Либан, Сирија, Јемен и сега Иран. Израел истовремено одржува најмалку пет воени фронта со огромни воени, економски и општествени трошоци.…

June 23, 2025
СВЕТ

Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници

По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во…

January 26, 2025
СВЕТ

Обилни врнежи поплавија патишта во Шпанија и принудија десетици жители да бидат евакуирани

Обилни врнежи во регионот Мурсија, во југоисточна Шпанија, поплавија патишта и принудија десетици жители да бидат евакуирани, соопштија локалните власти.…

October 12, 2025
СВЕТ

Данската војска е во состојба на готовност ако САД го нападнат Гренланд

Данското воено раководство потврди дека вооружените сили на Данска ќе пружат отпор ако САД се обидат да извршат инвазија на…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?