Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Објавено May 25, 2025 18:55
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4 милиони евра.

Портпаролката, Богданка Кузеска, вели дека се работи за договори од милионски износи кои им се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки. Една од двете фирми, според зборовите на Кузеска, била отворена 20 дена пред тендерот, додека другата имала само двајца вработени.

„Фирмата ‘Ле Бранд Дизајн’ од Битола, модно студио со просечен годишен приход од едвај 20.000 евра и само двајца вработени, добива тендер од над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи. До вчера двајца вработени шиеја фустани, денес со двајца вработени треба да опремат специјални единици! Кој е овде наивен? Фирмата „Памитекс Тим“ е регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без веб-страница, без историја на набавки, без транспарентност. Ете ваква фирма добива тендер од 1.710.000 евра. МВР ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети“, рече Кузеска.

Партијата упати прашања до министерот Панче Тошковски, кој навистина ќе ги шие униформите? Каде ќе завршат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, не бидат со потребниот квалитет, или ако бидат неупотребливи за полициските специјалци? Кој ќе одговара?

СДСМ повика на итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари, поништување на тендерот и отворање на нова постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Борис Џонсон стана татко по деветти пат
Следна Статија Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Заедно ќе создадеме уште подобри услови за нашите најмили – дечињата во градинките

Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше на кафе-дружба со родителите на нашите најмили и најмали…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор

Предвремени парламентарни избори ќе има во март или април следната година – изјави кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!

Законот за високо образование е катастрофално лош и бараме да се повлече, порача денес од прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко…

February 16, 2026
ПОЛИТИКА

Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!

Портпаролката на Владата Венера Љатифи- Азизи во интервју за весникот Лајм ги отфрли гласините за можноста за одржување предвремени парламентарни…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?