Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба

Објавено May 25, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипе дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.

-Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото. Доколку Филипче сака да си прави средби со своите коалициони партнери може да го напарви тоа со Али Ахмети, со Таравари или со Димиче Апасиев, бидејќи тие се исти луѓе со исти вредности, рече Манасиевски на новинарско прашање дали е прифатлива за нив најавата на Филипче дека во понеделник ќе предложи конкретни точки за лидерска средба заради постигнување консензус околу евроинтеграциите.

Одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, во врска со обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на Свечената академија во које тој повика на единство кај партиите кога се во прашање националните интереси, Филипче кажа дека постојано иницирал средби, за тоа што треба да се направи за постигнување национален консензус и дека е апсолутно подготвен да работи заеднички за доброто и напредокот на државата.

-Веќе во понеделник ќе дадам конкретен предлог за што треба лидерите на најголемите политички партии да разговараат, затоа што јасни се пораките од ЕУ. Додека чекаме и не правиме ништо е губење време. Младите тоа го гледаат единствено како стимул за иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа иднината тука во Македонија ако ние не го откочиме тој евроинтегративен пат, заеднички да работиме на унапредување во многу сфери што ќе го направи животот и подобар и поквалитетен, рече претседателот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано
Следна Статија ДУИ oбвинува за дискриминација во Царинската управа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски и Јовановски на средби со граѓани на Кичево

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со кандидатот за градоначалник, Александар Јовановски имале конструктивна средба со жителите…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во тек се внатрепартиските анкети за избор на кандидати за градоначалници

Во тек се анкетите за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на Владата и лидер на ВМРО…

March 8, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: За еден месец се урна кулата изградена две децении со криминал и корупција!

Во рок од еден месец, се сруши кулата изградена две децении со криминал и корупција, велат од Коалиција ВРЕДИ. Во…

December 29, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование

Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?