Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата

Објавено October 4, 2024 14:10
Сподели
Сподели

Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите на почеток да се заблагодарам на македонските војници за оваа прекрасна вежба којашто имавме можност да ја следиме да им посакам уште многу вакви прекрасни вежби на терен и дома, но и надвор. Армијата е нешто што кај мене има посебна почит како припадник на истата 2003-2004 година во делот од македонската гарда, можев да научам многу работи коишто можеби за жал, дел од помладите генерации не можат да ги видат, кога не сте дел од Армијата, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Криволак.

-Но, тоа е што е, таков е животот. Мене тој период од животот ме наведе таму и навистина поминав прекрасен период и стекнав пријателства коишто до денеска ги имам, така што уште еднашка македонските војници ја имаат мојата огромна почит и ќе се обидам како претседател на Владата заедно со останатите членови на Владата во соработка со нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и останатите земји членки на најголемата и најсилната во историска смисла Алијанса тоа е НАТО пактот да овозможиме што е можно подобри услови за војниците и за старешините да можат да се развиваат во една модерна современа Армија којашто ќе може да одговори на предизвиците коишто се потребни пред сѐ за да ја заштитат сопствената татковина, а потоа да одговорат и на предизвиците коишто заедно со сојузниците во рамките на НАТО Алијансата ќе ги имаме и надвор од оние предизвици кои што ги имаме- да ја заштитиме сопствената татковина.

Денеска можевме да видиме една навистина динамична практична вежба со примена на современо вооружување, со примена на модерна опрема. Јас можам да кажам дека од она што успеав да гои видам можам да заклучам дека навистина капацитетите се на едно високо би рекол одлично ново. Често пати ме прашуваат дали сте задоволни или не сте задоволни. Можам да кажам дека сум презадоволен.

Секогаш може да биде подобро Јас сум убеден дека следниот пат ќе биде уште подобро, следниот пат ќе биде уште подобро од претходниот итн. итн. ќе ги градиме капацитетите. Она коешто го очекуваат и граѓаните но и потребите коишто ги наметнува членството во најголемата и најсилната во историјата воена Алијанса, НАТО Алијансата.

Како Влада ќе продолжиме да ве поддржуваме и мислам дека ни претстојат многу убави денови. Во делот на техничките капацитети министерот кажа доволно, во делот на финансиските капацитети министерот кажа во соработка со Министерството за финансии што се направивме во овој периодот и што беше она што го затекнавме. Но, бидете убедени дека поддршката за Армијата набавувањето на нова опрема, средства ќе продолжат и во годините коишто следат. За да бидеме навистина една модерна и динамична Армија којашто ќе одговара на НАТО стандардите.

Уште еднаш благодарам на поканата и на Генерал штабот. Благодарам на началникот на Генерал штабот да бидам дел од овој прекрасен настан и секогаш кога ќе бидам поканет стојам на располагање, додава Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)
Следна Статија Еве како е лоциран лидерот на Хезболах: Раката при ракување му била намачкана со супстанца што Израел лесно можел да ја лоцира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста, бидејќи заминале на тие позиции без…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, осомничени повеќе од 20 лица (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа,…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Донев: На Дамева не ѝ беше местото таму

Проблемот кај нас е што оние реформи што ги предложи ЕУ за судскиот совет, сето тоа бара промена на Уставот.…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?