Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели

Објавено October 4, 2024 14:33
Сподели
Сподели

Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу претседателот Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Прашана каква и во која насока ќе биде најавената зголемена поддршка на САД за Македонија, на средбата меѓу претседателите Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, Агелер рече дека тие навистина имале одличен состанок, но нема некоја конкретна сума за која што е дискутирано.

-Како што веќе кажа и министерот за одбрана и премиерот има повеќе потреби коишто треба да се решат, а бидејќи ние веќе соработуваме во голема мера најверојатно ќе се работи на тоа да се прошири соработката која што веќе ја имаме. Во годината што следи има навистина повеќе важни цели и предизвици и за Армијата и за министерството. Како што имаме кажано и претходно, нема да имате поголем поддржувач и партнер во остварување на овие цели од САД и знам дека претседателот, тоа го повтори на средбата со вашата претседателка, изјави Агелер, која заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја
Следна Статија Мисајловски за враќањето на воениот рок: Мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сакаат смена на Судски совет и на државниот јавен обвинител

Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор.…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско

Во селото Гаране, кичевско, вчера беше откриен споменик на Скендербег, на денот кој граѓаните Албанци го слават како ден на…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата

Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Со враќањето на Пчињското евангелие во Охрид сведочиме на победа на трудот, знаењето и љубовта кон културното наследство на својата земја

По повод враќањето на вредното Пчињското изборно евангелие од 16 век во депото на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“во Охрид…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?