Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 8-ми октомври ќе биде потпишан договорот за кредитот кој Македонија ќе го земе од Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На 8-ми октомври ќе биде потпишан договорот за кредитот кој Македонија ќе го земе од Унгарија
ЕКОНОМИЈА

На 8-ми октомври ќе биде потпишан договорот за кредитот кој Македонија ќе го земе од Унгарија

Објавено October 4, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Следниот вторник во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит во висина од 500 милиони евра. Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска денеска изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта.

– На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта, Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, изјави Димитриевска-Кочовска во изјава за медиумите во Штип.

Заемот од Унгарија, Мицкоски го договори со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашингтон. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Законот за унгарскиот кредит на 17 септември беше донесен во Собранието.

Половина од парите од кредитот ќе одат за бизнис секторот, а половина за проектите за општините.

На јавниот повик  што го распиша Министерството за локална самоуправа пристигнати се 357 апликации од 80 општини.

Нашите очекувања во целост се исполнија. Во оваа прва фаза општините ќе ги подржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра за кога е планиран и нов повик. Сега се на ред ресорните министерства. Во рок од 10 дена целосната проектна документација од страна на општината треба да се достави до ресорното министерство од областа на проектот, кое ќе врши евалуација на проектот. Се очекува евалуацијата да заврши во рок не подолг од 10 дена по што ресорните министерства треба да изготват предлог-одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и да ја достават на усвојување на владина седница, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција во Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски лежи на Нефрологија
Следна Статија За 24 часа, се јавиле 12 000 жртви и сведоци во случајот со Пи Диди: ​​Адвокат отвори телефонска линија за пријавување на контроверзниот рапер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја…

October 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извршителите лани наплатиле рекордни 160 милони евра

Извршителите минатата година од државата како должник наплатиле рекордни 31,5 милиони евра, без да се наведе колку од оваа сума е за…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?