Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски лежи на Нефрологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски лежи на Нефрологија
МАКЕДОНИЈА

Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски лежи на Нефрологија

Објавено October 4, 2024 15:18
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната Вања од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, бил префрлен од затворот на Клиниката за нефрологија поради влошена здравствена состојба.

„Поради интерес на медиумите и невладините организации, кои ја следат главната расправа за предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. од ноември 2023 година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје, на 2.10.2024 година, го извести Основниот кривичен суд Скопје дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ ‘Затвор Скопје’ е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника поради влошена здравствена состојба.

Имајќи го предвид известувањето, а поради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот веќе насрочен термин, 14.10.2024 година, во 10 часот, за што странките во постапката се веќе известени“, информираат од Кривичниот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кедев го искачи врвот Шишапангма во Кина, ова му е 12 врв над 8000 метри
Следна Статија На 8-ми октомври ќе биде потпишан договорот за кредитот кој Македонија ќе го земе од Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем ги повикувам да се пријават

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина со поинаква честитка за независноста: „Македонијо, среќен роденден и извини…“

По повод Денот на независноста на Македонија денеска многумина излегоа со свои честитки. Необична честитка имаше и инфлуенсерката Ина Многуфина.…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?