Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против
Blog

Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против

Објавено October 4, 2024 17:45
Сподели
Сподели

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.

Европската комисија (ЕК) сега има одврзана рака да додаде до 35 отсто на данокот од 10 отсто, кој е веќе на сила, за електричните возила од кинеско производство.

Тие давачки треба да стапат на сила на крајот на октомври. Целта на одлуката, според АФП, е повторно да се воспостават фер услови на конкуренција со кинеските производители кои добиваат субвенции од државата.

Во соопштението за медиумите, Европската комисија ја поздрави денешната одлука, која „ја доби потребната поддршка од земјите-членки“. ЕК, исто така, нагласува дека Брисел и Пекинг го продолжиле дијалогот за да се обидат да најдат решение преку преговори.

Кина, меѓутоа, го осудува пристапот, кој го смета за протекционистички, а веќе реагираше со покренување истрага за прехранбените и алкохолните производи што ги увезува од ЕУ.

Кинеската стопанска комора во ЕУ изрази „длабоко разочарување“ по гласањето во Брисел и ја повика Европската унија „да го одложи спроведувањето на царините и да му даде приоритет на дијалогот“.

Германија, заедно со Унгарија, Словачка, Словенија и Малта, гласаа против даночниот план на Комисијата, но не успеаја да го соберат потребното мнозинство за негово поништување, пишува Франс прес.

Тарифите беа поддржани од десет земји-членки, вклучувајќи ги Франција, Италија и Полска. Дванаесет други беа воздржани, вклучително и Шпанија и Шведска, кои сепак го изразија своето незадоволство.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија ризикува да влезе во „економска студена војна“ со Кина.

„Она што не принудуваат да го направиме, она што го прави Европската унија е економска студена војна. Тоа е најлошото нешто што може да и се случи на Европа. Ако вака продолжи, европската економија ќе умре“, рече Орбан.

Во јули, ЕУ воведе привремени царини до 37,6 отсто за електричните возила произведени во Кина. Како одговор, Пекинг поднесе жалба до Светската трговска организација во август, велејќи дека тарифите ги прекршуваат правилата на организацијата и ја поткопуваат глобалната соработка за климатските промени.

Кина, исто така, започна истрага за извозот на француски коњак, свинско месо и млечни производи од ЕУ. Истрагите ги зголемија стравувањата од трговска војна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи
Следна Статија Почнува серија за Иво Андриќ, на неговиот погреб говорел нашиот Киро Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран

Биткоинoт падна под 100.000 долари за првпат од мај, а етер нагло се намали, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека…

June 23, 2025
Blog

(ФОТО) Кога новинарот си го издаде ChatGPT

Новинарот кој требаше да извести за сообраќајниот судар на булеварот Јане Сандански, очигледно си „дозволил“ помош од ChatGPT

February 18, 2025
Blog

Трамп подготвува голем енергетски план за зголемување на производството на нафта и извозот на гас

Тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп подготвува голем енергетски план за зголемување на производството на нафта во Соединетите држави и…

November 25, 2024

Квалком најавува подобрена размена на датотеки за Android телефони

Квалком најавува дека ќе воведе AirDrop-поддржана функција за брзо споделување датотеки на Snapdragon телефони

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?