Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДОКТОР КАТЕ ОСТАНУВА: Во кочанската болница повредените во „Пулс“ ќе продолжат да ја имаат потребната нега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ДОКТОР КАТЕ ОСТАНУВА: Во кочанската болница повредените во „Пулс“ ќе продолжат да ја имаат потребната нега
ЗДРАВЈЕ

ДОКТОР КАТЕ ОСТАНУВА: Во кочанската болница повредените во „Пулс“ ќе продолжат да ја имаат потребната нега

Објавено May 29, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување.

-Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница – Кочани. Таа заминува во друга болница, иако никој нема да може да ја замени, и ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување, се истакнува во дописот од повредените.

Лицата кои се лекуваат во болницата во Кочани посочуваат дека се во страв и неизвесност и дека чувствуваат општа напуштеност од страна на државата во поглед на нивната нега.

-Вистината е – не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. Веќе се прашуваме дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка. Докторката Кате не беше само лекар, таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше со човечност, посветеност и разбирање не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба – доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност, додаваат повредените.

Од Општата болница во Кочани информираа дека уште на почетокот од оваа година, уште пред да се случи трагичниот пожар во „Пулс“, докторката Катерина Паниќ Мирчовска поднела лично барање до Општата болница во Кочани за прекин на работниот однос, поради ангажман во градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Одлуката за прераспределување ја потпишал претходниот министер за здравство Арбен Таравари, но неговиот заменик Јовица Андовски ја запрел нејзината важност, со што докторката ќе остане во Кочани сѐ додека пациентите имаат потреба од нејзината здравствена нега.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Глад и хаос во Газа: цивили упаднаа во магацин на ОН
Следна Статија Вработени во прилепската болница си земале пари од благајната, присвоиле над 2 милиони денари наплатени од пациенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Споредба на цените на лекови: TrumpRx наспроти генерички алтернативи

Пациентите можат да заштедат повеќе купувајќи небрендирани лекови, дури и без осигурување.

February 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

Извршена уште една трансплантација на органи од починат дарител

По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август беше извршена уште…

August 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина

Во ноември годинава, беше извршена прва трансплантација на рожница во Македонија во јавното здравство. На Клиниката за очни болести беа…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Козле преполна со заболени од сезонски грип

Ширењето на сезонскиот грип ги наполни речиси сите кревети на Клиниката за детски белодробни заболувања. Во Козле лежат 60 деца…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?