Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Татковина наместо ислам“: Koj e Херберт Кикл кој најавува дека ќе ја ослободи Австрија од мигрантите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Татковина наместо ислам“: Koj e Херберт Кикл кој најавува дека ќе ја ослободи Австрија од мигрантите
СВЕТ

„Татковина наместо ислам“: Koj e Херберт Кикл кој најавува дека ќе ја ослободи Австрија од мигрантите

Објавено October 4, 2024 18:52
Сподели
Сподели

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада.

Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите.

Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции.

Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар.

Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови.

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл.

Koj e Херберт Кикл

55-годишниот шеф на десничарската FPÖ не е шармантен заводник на масите. Неговиот шарм и харизма се скромни, а важи и за осаменик. Тој израснал во работничко семејство во Корушка, студирал историја и филозофија, но не дипломирал.

Трча и планинари на долги патеки.

Веќе за време на неговото време како пишувач на говори и раководител на кампања, тој разви слогани како „Татковина наместо ислам“ или „Повеќе храброст за нашата виенска крв – премногу странско никому не годи“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг
Следна Статија УХМР предупредува: Се очекуваат обилни врнежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конзервативната победа во Чиле предизвикува политички земјотрес

Хозе Антонио Каст победи со масовно гласање, изразувајќи длабока загриженост за моменталната состојба

December 17, 2025
СВЕТ

Извршен директор на Salesforce критикува шеги за ICE

Технолошкиот директор Паркер Харис се осврна на контроверзата околу шегите на извршниот директор Марк Бениоф.

February 18, 2026
СВЕТ

Американската војска одново го нападна Иран, Иранците се закануваат со одмазда

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале…

May 26, 2026
СВЕТ

Сириец (23) бодеше луѓе на улица во Австрија и уби 14-годишно дете

Дваесет и тригодишен Сириец по случаен избор избол петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, извести полицијата. Во нападот…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?