Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол
СВЕТ

Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол

Објавено January 15, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен за накратко воведената воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција Јонхап.

Полицајците и персоналот од канцеларијата за борба против корупцијата на Јужна Кореја утрово го придружуваа Јун од неговата резиденција за да го одведат до канцеларијата на јавниот обвинител во нивниот втор обид да го сторат тоа, информира Јонхап.

Операцијата изгледаше мирна и покрај сериозните безбедносни грижи, пренесе ДПА.

Јонхап ја цитира Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери (ЦИО), која соопштила дека налогот за притвор бил извршен во 10:33 часот (01:33 по Гринич). Ова е првпат во историјата на земјата да биде уапсен актуелен претседател на Јужна Кореја.

Јун бил виден како влегува во седиштето на ЦИО на испрашување. Според Јонхап, истражителите ќе бараат налог за формално апсење на претседателот во рок од 48 часа.

„Иако се работи за незаконска истрага, решив да се согласам да се појавам во ЦИО со цел да се спречи грдото крвопролевање“, рече Јун во снимена видео порака објавена по неговото апсење.

Уставниот суд на Јужна Кореја вчера го одложи првото рочиште во постапката за импичмент против Јун (64) бидејќи тој не беше присутен. Тој преку својот адвокат изјавил дека не присуствувал поради безбедносни причини.

На 3 декември, Јун накратко прогласи воена состојба за време на спор околу буџетот со опозицијата.

Во средината на декември, пратениците го сменија од функцијата до понатамошно известување по обвиненијата за злоупотреба на власта и бунт, а Уставниот суд моментално ја разгледува одлуката.

Јун ја бранеше својата одлука со изјавата дека прогласил воена состојба за да ја заштити нацијата од „антидржавните сили“ – што значи неговите политички противници.

Засега со државните работи раководи поранешниот министер за финансии и вицепремиер Чои Санг Мок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија вечерва против Унгарија го стартува настапот на СП
Следна Статија Тажна вест за македонскиот ракомет: Почина Александар Јовиќ!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бел прав пронајден во пакет во центар на ДХЛ во Германија, 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени откако во дистрибутивен центар на DHL во Германија беше пронајден бел прав на сомнителен пакет.…

June 6, 2025
СВЕТ

Трамп размислува да го номинира Ричард Гренел за специјален пратеник за Иран, соопштија извори за Ројтерс

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи поранешниот специјален пратеник за Западен Балкан Ричард Гренел за специјален пратеник…

December 12, 2024
СВЕТ

Несреќа во Намибија: Загина познато германско семејство

По падот на лесен авион во Намибија во кој загинаа четворица германски државјани, сега се пронајдени и останките од четвртата…

May 30, 2026
СВЕТ

Шамар за лидерот на турската опозиција (ВИДЕО)

Лидерот на главната опозициска партија во Турција Озгур Озел беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Инцидентот се…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?