Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

Објавено May 29, 2025 18:26
Сподели
Сподели

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за состојбата на училиштето во селото Норово и условите во кои учат учениците.

И јас сум редовен професор на универзитетот и ми е многу значајно кога децата сакаат да учат и кога сакаат да добијат правилно знаење, образование, без разлика дали тие се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми или од друга етничка заедница. Сѐ ќе сторам што е во моја моќ согласно законите и Уставот учениците да го добијат потребното знаење. Исто како што се грижам за учениците од Норово, се грижам и за средношколците од Кирил Пејчиновиќ, и за основците од Лешок и за сите ученици во Македонија, без разлика каде се наоѓаат“, рече премиерот.

Тој потоа истакна дека за подобрување на условите во тетовската гимназија се предвидени средства донирани од страна на општествена одговорна компанија која согласно законот и процедурите и со гласовите на сите советници од сите партии тие средства биле одобрени. Дополнително Мицкоски најави дека лично ќе го посети Норово и ќе разговара со родителите на учениците со цел да се изнајде решение за политички да не се злоупотребува случајот.

Но она кое што е фактичка ситуација таму, е следна. Одговорна е општината, но одговорни се и тие кои што со донации одлучиле на незаконски и урбанистички нерегулирана парцела да градат објект. Има закони во државата и мораме да ги почитуваме тие закони. Еве јас ве повикувам заедно да појдеме во Норово, со нас да го земеме законот за урбанистичко планирање, законот за градежно земјиште, законот за градење и Уставот, да најдеме парцела и да направиме нешто за овие дечиња“, кажа премиерот Мицкоски и потоа дополни: „во многу објекти на целата територија на Македонија се потребни интервенции и во многу објекти децата учат во супстандардни услови. За жал многу се крадеше. Сега тие пари кои што се украдоа завршија во приватни џебови, дали за купување на трговски центри, дали за купување на нов возен парк, Ролс Ројс, Мајбах мерцедес, фирми или нешто друго, наместо да завршат во училиште за село Норово“.

Премиерот Мицкоски посочи дека тие кои се богатеа на грбот на децата и градеа сараи ќе одговараат, без разлика од која политичка партија да доаѓаат.

И мене ме боли кога ги гледам во какви услови овие дечиња добиваат знаење, исто како што ме боли и кога ги гледам и дечињата од Лешок, и од гимназијата Кирил Пејчиновиќ во какви услови учат. Се сеќавам при моите посети кога бевме опозиција кога молев министерот за образование од ДУИ да се погрижи да ги подобри условите за овие ученици да добијат пристојно знаење, вклучително и оние во село Норово. За жал тој во тоа време одлучи да се занимава повеќе за потребите на еден приватен универзитет во југозападна Македонија, наместо да вложува за учениците во село Норово“, заклучи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
Следна Статија Дончиќ мора да ослабне ако сака да добие 230 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судот го забрани најавениот штрајк од страна на синдикатот на контролори на летање

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донел решение со кое се усвојува…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не аздисувајте возете безбедно, а казна ќе стигне ако возите со 57 км на час

57 на 50“ звучи како уште една бројка што лесно пали нервоза на социјалните мрежи, но зад неа стои стара…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам Македонија да биде меѓу првите земји во светот која што ќе добие договор за слободна трговија со САД

Моите очекувања се позитивни, очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски побара гаранции од Европскиот Совет: ДА за членство во ЕУ, НЕ за билатерални услови

Премиерот Христијан Мицкоски од Свечената академија во Прилеп порача дека за да направиме рестарт на системот, потребна е општествена мобилизација.…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?