Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига
СПОРТ

Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига

Објавено May 29, 2025 20:01
Сподели
Сподели

Селекторот на женска сениорска одбојкарска репрезентација Стефан Пауновиќ се одлучи со кои 14 репрезентативки ќе настапи на првиот натпревар против Луксембург, кој Македонија го игра утре во Струмица на отворањето на првиот турнир од ЦЕВ Европската сребрена лига.

Коректорот на шампионот Јанта Волеј КВ, Мери Бошковска отпадна од составот поради повреда на скочниот зглоб на еден од последните тренинзи и таа е веќе во процес на санирање на повредата, со цел што побрзо да се врати на теренот, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Покрај неа во составот ја нема ниту интернационалката Ерјона Јонузи.

„Од претходно најавив дека навистина имам тешка задача и со стручниот штаб бевме во сериозни дилеми околу изгледот на тимот за првиот меч. Сметам на сите и понатаму, се надевам дека и Бошковска ќе ја санира успешно повредата и што побрзо ќе ја имам на располагање. Од овие причини не го објавував составот се до крајниот рок“, образложи селекторот Пауновиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург е закажан за утревечер со почеток во 20 часот во салата „Парк“ во Струмица, а првиот од серијата турнири во рамки на Европската сребрена лига македонските одбојкарки ќе го комплетираат в недела со дуелот против Швајцарија, во истиот термин

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото
Следна Статија Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Имамов брутално го нокаутира Адесања

Во Ријад се одржа нов спектакл на УФЦ, а борбата на вечерта беше меѓу Израел Адесња и предизвикувачот Насурдин Имамов.…

February 2, 2025
СПОРТ

Шкендија го совлада Вардар во дербито на колото

Актуелниот фудбалски првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв…

March 5, 2026
СПОРТ

Тренерот на Шкендија смета дека не заслужиле висок пораз

Екипата на тетовска Шкендија го заврши настапот во УЕФА Конференциската лига, откако во 1/16 финалето синоќа беше елиминирана од турската…

February 27, 2026

Хорнетс со триумф од 123-121 над Меверикс во напната кошаркарска битка

Возбудлива NBA пресметка со минимална разлика во поени на стадионот

January 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?