Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење
ЕКОНОМИЈА

Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење

Објавено May 30, 2025 08:38
Сподели
Сподели

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со тоа повторно се отвори прашањето за законитоста на членот 31 од Правилата за снабдување (донесени во 2018), кој дозволува издавање сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка во случаи на неотчитување на мерните уреди, велат од неформалната група Инжинери на Македонија.

Поднесена е претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со која се укажува дека оваа одредба повеќе нема правна основа, бидејќи уредува прашање што сега е јасно дефинирано во Законот и тоа на поинаков начин. Укажаваат дека со тоа се крши хиерархијата на правни акти.

„Иако поднесовме амандман и добивме уверување од Министерството за енергетика дека спорниот став 2 од членот 185 ќе биде отстранет, тој сепак остана во Законот, дозволувајќи проценка на потрошувачката „кога мерењето не е извршено“. Но мерење постои бидејќи сите домаќинства имаат струјомери. Проблемот е административен а не технички. Затоа на последниот состанок со РКЕ нагласивме дека „мерење“ и „отчитување“ не се исто, па сметките мора да се издаваат само врз основа на реално измерени податоци. Најавата од претседателот на РКЕ дека ова ќе се реши со нов подзаконски акт е повторно правно проблематична – подзаконски акт не смее да ја менува или надминува содржината на закон, особено кога штетата ја трпат граѓаните“, велат од групата преку допис.

Со упатената претставка до РКЕ бараат: Итно бришење на членот 31 од Правилата за снабдување, без чекање да е донесат новите Правила; Забрана за издавање на сметки врз основа на проценка, кога струјомерот е исправен; РКЕ да го обврзе ЕВН на целосно почитување на Законот за енергетика и другите закони; Во случај на продолжување на прекршувањата, да се иницира постапка за раскинување на договорот за приватизација на дистрибуцијата од 2006 година, во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.

Клучно барање им е граѓаните да имаат реални сметки базирани на реално мерење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција и на средба со Виктор Орбан
Следна Статија Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на нето-платата во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е речиси двојно поголем во однос на периодот на СДСМ

Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст,…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

IBM близу до договор за купување на Confluent во вредност од 11 милијарди долари

Меѓународната корпорација за бизнис машини (IBM) е во напредни преговори за преземање на фирмата за инфраструктура на податоци Confluent за…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?