Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче најави санкции во партијата: дел од советниците за лични интереси соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче најави санкции во партијата: дел од советниците за лични интереси соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Филипче најави санкции во партијата: дел од советниците за лични интереси соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено May 30, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори.

Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост“, изјави Филипче на состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром.

Тој најави и нов кодекс на однесување којшто ќе мора да го потпишат сите советници:

„Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот“.

Во однос на изборот на кандидати, претседателот на СДСМ порача дека ќе го поддржи секое решение што ќе дојде од базата.

Вие во општинските организации најдобро знаете кој има капацитети и доверба кај граѓаните. Не сакам да наметнувам, туку да слушам“, рече претседателот Венко Филипче вчера во Аеродром.

Филипче се осврна и на актуелната локална власт во Аеродром, истакнувајќи: „Се чудам како ВМРО-ДПМНЕ повторно го предлага актуелниот градоначалник на Аеродром. Полош градоначалник, според мене, Аеродром никогаш немал“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа
Следна Статија (Видео) Брансон ја запре Индијана – Њујорк намали на 2:3 во серијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал

Силни пораки беа упатени на вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.Претседателот Мицкоски упати јасна порака до членството и до сите…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Секои избори се можност да испратиме и политичка порака во која вие граѓаните ќе знаете што можеме да очекуваме во…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ваљбон Лимани прогласи победа во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар повторните избори прогласи победа во изборниот штаб пред поддржувачите и симпатизери на коалицијата Национална…

January 12, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ вечерва на чело со Ахмети тргнува на „кампување“ во Скопје

 Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во тетовска Мала Речица почна состанокот на Централното претседателство на партијата, на…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?