Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал

Објавено December 7, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Силни пораки беа упатени на вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.Претседателот Мицкоски упати јасна порака до членството и до сите кои ја следат работата на партијата.

„Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал. Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост или по случаен пат, со плетење мрежи и со неконзистентност – погрешил. Кој мисли дека довчерашните субјективни заслуги ќе му донесат утрешна награда – не ја разбрал оваа партија“ рече вчера Мицкоски.

„Мојот наследник на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде човек што само победува во анкети, или што знае да аплаудира. Тоа ќе биде човек со ’рбет, со интегритет, со дисциплина и фокус. Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на државата. Што знае да издржи. Што знае да прости. Што знае да биде чесен и кога боли и кога сите се откажуваат од него затоа што во моментот им е така опортуно да прават. Наследникот мора да биде човек што ќе знае дека партијата е поголема од него, а не човек што мисли дека е поголем од партијата. Мора да биде човек што ќе може да ја води Македонија – не во 2025 година, туку во 2050 година“.

Мицкоски додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се успевало со шепотења по ходници, со интриги или со претерана самодоверба, туку со работа, пожртвуваност и искрена намера да се служи на државата.

„Мојот наследник ќе мора да го носи овој товар со истиот мир што го носам и јас денес. Ќе мора да биде човек што може да ја води државата, а не човек што ќе ужива во раскошот на функцијата заслепен од своето его. Ќе мора да биде повикан од зрелост, а не од суетата“, заклучи Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проблеми со градба на микро возила во САД
Следна Статија СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ: Конгрес на „децата на Орбан“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се…

January 2, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Владата веќе подолго време нема легитимитет, бидејќи, како што…

May 27, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски

Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точна, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски,…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Потпреседателот на владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи останува во владеачкото мнозинство. Тој денеска во обраќање до…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?