Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!
ПОЛИТИКА

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

Објавено July 26, 2025 19:39
Сподели
Сподели

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги осудува последните случувања околу оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска. Обвинението за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат во случајот „Адитив“ открива длабока инфилтрација на коруптивни практики во самите врвови на институциите кои треба да бидат првиот бедем во одбраната на правната држава. Оваа скандалозна афера не само што го подрива кредибилитетот на ДКСК, туку ја потврдува потребата за итна и безкомпромисна промена на системот на контрола и отчетност.
Времето кога нашата држава требаше да го прифати мотото „Нула корупција“ беше пред 34 години, со прогласувањето на независноста. Наместо тоа, сведочиме дека децении подоцна продолжуваме да доцниме, додека младите масовно си заминуваат поради отсуството на доверба во правната држава. Ова не е прашање на партиска припадност, туку на основни човечки вредности и на историската одговорност на државата кон граѓаните.

ДОМ инсистира на итно донесување мерки што ќе обезбедат интегритет и транспарентност на сите избрани и назначени функционери: детално и доследно верификување на анкетните листи за имотна состојба, јавно објавување на судирите на интереси, автоматско суспендирање при поднесено основано обвинение и воведување независен антикорупциски инспекторат со реални санкции.

Зелената партија ДОМ го повикува Собранието да ги усвои клучните законски измени за борба против корупцијата, како и итно да формира независно специјализирано тело за проверка на интегритетот на јавните службеници и функционери. Без овие промени, сите останати декларации против корупцијата ќе останат само празна реторика.

ДОМ останува цврсто на ставот дека корупцијата не смее да се релативизира, ниту да се премолчува. Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки, здруженија и политички партии кои веруваат во правдата и еднаквоста пред законите, да застанеме заедно, едни до други, во одбраната на правната држава и владеењето на правото. Пред да го загубиме последниот остаток на институционален кредибилитет. Пред иднината на младите засекогаш да ја побараат на некоја нова, надвор од државата, адреса.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЖАС ВО ГАЗА: Ги убиле додека чекале храна- Најмалку 25 лица го загубија животот во израелски напади
Следна Статија И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: „Додека не ја променат оптиката што е својствена за песочните плажи, уште долго ќе бидат во опозиција!“

Овие 7 години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и 9 месеци претседател на Владата што не сум се изнаслушал и…

February 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ

Опозициската СДСМ денеска остро реагираше на најновото истражување на Институтот за политички истражувања (ИПИС), нарекувајќи го „чист пропаганден потег“ на…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Екс заменик-министерот Колемишевски: СДСМ ќе изгуби над 80 отсто од општините што ги контролираше во 2021 година 

Во историјата на секоја сериозна партија, особено на оние што го носеле товарот на државноста, доаѓа момент кога не е…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?