Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати
БАЛКАН

Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати

Објавено October 4, 2024 19:50
Сподели
Сподели

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија во Фојница, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица.

Јабланица беше најтешко погодената општина во синоќешните поплави.

Според пишувањата на медиумите, во населбата Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.

Според последните информации, на тоа подрачје се водат за исчезнати 40 лица.

Местото го посети и министерот за одбрана, Зукан Хелез, кој на лице место ги виде размерите на катастрофата.

„Поради планираните летови со хеликоптер, можам да останам само 45 минути, бидејќи копнен пристап е дозволен само на единиците кои учествуваат во спасувачката операција“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Закерберг го зазеде второто место на листата на милијардери, Безос падна на третата позиција
Следна Статија Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ ја победи Шарената револуција

Граѓаните на Србија не сакаат Шарени револуци, не сакаат насилство, сакаат на избори да менуваат власт. Денеска победи Србија и…

March 15, 2025
БАЛКАН

Брачна двојка од Јабланица загуби осум члена од семејството, самите ги пронашле телата

Заменик-министерката за човекови права и бегалци на БиХ, Душка Јуришиќ денеска беше во Долна Јабланица, местото кое најмногу настрада во…

October 6, 2024
БАЛКАН

Нова драма во словенечко Ново Место, по саботното убиство, синоќа пукање во ромската населба

По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и владини претставници кои презентираа мерки…

October 29, 2025
БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување

Денеска, на Меѓувладината конференција за пристапување во Брисел, Албанија ги отвори преговорите во Група 3, Конкурентност и инклузивен раст, која…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?