Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто
ЕКОНОМИЈА

НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто

Објавено May 30, 2025 18:31
Сподели
Сподели

Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто,  соопшти Народната банка.

Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти. 

Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто, и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,04 процентни поени и 0,40 процентни поени, соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, забележала месечен раст од 0,02 процентни поени и изнесува 2,20 отсто, при годишен раст од 0,38 процентни поени.

Според Банката, во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,87 отсто и остварила пад од 0,39 процентни поени и 1,60 процентни поени на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34 отсто и бележи месечен раст од 0,10 процентни поени, додека на годишна основа е намалена за 0,20 процентни поени.  

Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,04 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,73 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, пак, е намалена за 0,03 процнтни поени на месечно ниво и изнесува 2,62 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија
Следна Статија Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

СРПСКИ „Ало“ медиа систем купува телевизија и радио во Скопje

Издавачот на весникот „Ало“ и сопственик на неколку локални телевизиски и радио станици во Србија сега се шири на пазарот…

July 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви повеќе од 5 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 5.210 милијарди евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се…

June 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП ја објави најновата листа на должници: Еве кои фирми и физички лица најмногу должат

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници 10/2024, за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до…

October 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?