Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешен бугарски политичар бара воведување санкции за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешен бугарски политичар бара воведување санкции за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Поранешен бугарски политичар бара воведување санкции за Македонија

Објавено May 31, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Поранешниот бугарски пратеник Велизар Енчев побара Бугарија да воведе санкции кон Македонија, обвинувајќи ја за систематско непријателство и кршење на човековите права на Бугарите во државата.

Во објава на неговиот профил на „Фејсбук“, Енчев реагира на, како што ги нарекува, „демонстративните тужби против Бугарите во РС Македонија“, како и на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за малцинствата.

„Софија мора да посегне по оваа екстремна мерка. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и владата во Македонија демонстрираат систематско непријателство кон Бугарија, европските принципи и човековите права. Одбивањето да се вклучат Бугарите во македонскиот Устав – јасна обврска во преговарачката рамка со ЕУ – е очигледно кршење на добрососедството“, напиша Енчев.

Тој ја обвинува Македонија за мешање во внатрешните работи на Бугарија преку, како што вели, тврдењата за „македонско малцинство“ во Бугарија и наведува дека гонењата против Бугарите во земјава претставуваат „груба форма на етничка дискриминација“.

Енчев смета дека Бугарија треба да одговори со конкретни и целни санкции, а не со, како што вели, „празни дипломатски изјави“. Во таа насока предлага четири групи мерки:

1. Финансиски санкции:

– Замрзнување на средствата на функционери од македонската влада, членови на коалицијата на власт и магистрати вклучени во „репресија против Бугарите“.
– Забрана за пристап до бугарскиот банкарски систем за тие лица и нивните бизниси.

2. Економски мерки:

– Суспензија на сите билатерални трговски преференции, особено во енергетиката и инфраструктурата.
– Исклучување на македонски компании од учество во бугарски јавни набавки и аукции финансирани од јавни средства.

3. Мерки во транспортот и логистиката:

– Преглед на сите прекугранични инфраструктурни проекти, вклучително и изградбата на патни и железнички врски, сè додека, како што вели, „Македонија не покаже вистинска промена во својата политика“.
– Откажување на објектите за гранична контрола договорени во рамките на добрососедските односи.

4. Политичка блокада во рамки на ЕУ:

– Целосно блокирање на секое понатамошно придвижување во рамките на Преговарачката рамка на РСМ со ЕУ.
– Иницирање заедничка позиција со други земји-членки на Унијата за, како што вели, „систематско кршење на правата на малцинствата во РСМ“, со цел темата да се постави на ниво на Европскиот совет.

„Бугарија има право на глас во ЕУ и мора да го искористи“, порача Енчев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски туристи доживеале кошмар во Грција: Заработиле казна од 200 евра
Следна Статија ОЈО: Арсовска мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, зашто бил советник на премиерот, смета претседателот…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај  во…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) До 11:15 часот пристигнати се…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, заедно со полициско обезбедување и околу 20 вработени од Градот, вчера во Општина Чаир беа…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?