Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели
ЕКОНОМИЈА

Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели

Објавено October 4, 2024 22:11
Сподели
Сподели

Субвенциите за инвертер клима уредите што беа дел од проект на минатата влада би требало да бидат исплатени за две недели, најави денес министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција посветена на првите 100 дена од функционирањето на министерството во рамки на Владата, таа рече дека доцнењето се должи на фактот дека овој проект беше првично во министерството за економија, а со поделбата мораше да се направи делбен биланс и средсвта да се префрлат во новото министерство со ребалансот на Буџетот.

Постапката морала да помине на законодавство, на Генералн секретаријат на Владата и потоа на Влада.

„Се надевам најдоцна за две недели средствата ќе бидат исплатени“, рече Божиновска додавајќи дека се извинува од името на целата Влада поради застојот, но тоа се должело на законските процедури.

Јавниот повик за субвенции за клима уредите на крајот на јануари и во почетокот на февруари годинава предизвика огромен интерес кај граѓаните. Само за неколку дена колку што траеше, беа поднесени околу 8.000 барања, а заедно со другиот повик за субвенции имаше над 18.800 апликации.

Станува збор за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година за што беа предвидени 210.000.000 денари, како и за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година за што беа предвидени 45.000.000 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Шумахер не знаела дека поранешниот сопруг е геј и има дечко
Следна Статија Хакери упаднаа во системот на Министерството за економијa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали е време да се купи акционерство на Microsoft додека неговата зад-листа расте?

Комерцијалната зад-листа на Microsoft повеќе од двојно пораснала во споредба со минатата година, што укажува на огромна побарувачка за вештачка…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите во Скопје одат нагоре, поскапени се за речиси 20% од лани

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно…

April 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи

Европа ќе биде поврзана како никогаш досега во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа на…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе

Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, производител на популарниот лек за дијабетес и слабеење Оземпик, најави дека ќе отпушти 9.000 вработени,…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?