Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

Објавено May 31, 2025 17:51
Сподели
Сподели

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени“, вели Каја Шукова“, потпретседателка на СДСМ и додава:

Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта.

Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола?

СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!

Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски.

Обвинителството мора да одговори:

Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?

Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?

Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски? Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!

Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.

Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата?

Дали Дејан Салтировски во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази?

Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски – Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви?

Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата?

Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР?

Мајките завиени во црно и стотиците повредени најмалку што заслужуваат е правда!

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Вистината за трагедијата во Пулс мора да излезе на виделина! Јавно го повикуваме обвинителството да се ослободи од стегите на власта
затоа што селективната правда е неправда!

Во меѓувреме СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои ги има поврзани со трагедијата во Кочани се додека нема одговорност за актуелните функционери на власта.

Ова е само првиот во серијалот пресови за она што се случувало во кочанската дискотека Пулс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт
Следна Статија Доаѓа лето: Македонија под влијание на топлиот бран од Африка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори

Имињата на кандидатите за градоначалници од владејачката Коалиција „Твоја Македонија“ за годинашните локални избори ќе бидат објавени во втората половина…

January 8, 2025
ПОЛИТИКА

Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка

Предлог измените на СДСМ не добија зелено светло од мнозинството за да се најдат на дневниот ред. Само 19 пратеници…

May 14, 2025
ПОЛИТИКА

Го величаше Заев на партиска дебата, а сега стана граѓанска активистка (ВИДЕО)

Девојката што на партиска трибина на СДСМ го величаше екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вчера зборуваше како…

March 19, 2025
ПОЛИТИКА

Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или…

April 17, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?