Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
СПОРТ

Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот

Објавено May 31, 2025 21:09
Сподели
Сподели

Шпанскиот гигант Реал Мадрид e на врвот – четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот, објави „Форбс“.

Клубот од Мадрид е проценет на 6,75 милијарди долари, што е зголемување од два проценти во однос на минатата година. Реал оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, станувајќи првиот фудбалски клуб во историјата што ја надмина границата од 1 милијарда долари приходи во една сезона.

„Лос Бланкос“ се приклучуваат на елитната група спортски тимови со десетцифрени годишни приходи, претходно надминати само од НФЛ тимот на Далас каубојс.

Манчестер јунајтед се најде на второто место, а клубот од Островот е проценет на 6,6 милијарди долари. И покрај послабите резултати, клубот оствари 834 милиони долари приходи минатата сезона. Барселона го држи третото место со вредност од 5,65 милијарди долари.

Следат Ливерпул и Манчестер сити, Баерн Минхен се најде на шестото, а ПСЖ на седмото место.

Меѓу десетте највредни клубови во Европа се и Арсенал, Тотенхем и Челси.

Првиот клуб под линијата на десет најдобри е Јувентус, кој е и највреден клуб во Серија „А“, Милан е на 14-то место, а овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите – Интер, е само на 17-та позиција.

Според Форбс, вкупната вредност на 30-те најдобри фудбалски клубови денес надминува 72 милијарди долари, што е во просек 2,4 милијарди по клуб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица
Следна Статија (ВИДЕО) Крвничка тепачка меѓу навивачите на ПСЖ и Интер во метрото во Минхен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Цветановски откри детали од драмата со навивачите на АЕК во Скопје: Не смееле да излезат на терен, биле со солзи

Финалето во ракомет меѓу Алкалоид и АЕК не само што не се одигра, туку остана запаметено како пример за притисоци,…

May 25, 2025
СПОРТ

Елмас пред враќање во Наполи

Македонскиот репрезентативец Eљиф Елмас можно да се врати во редовите на својот поранешен клуб Наполи. Според „Фудбал Италија“ Наполи направил…

August 15, 2025
СПОРТ

Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС

Лионел Меси во Интер Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те тимови на МЛС, покажуваат…

October 25, 2024
СПОРТ

Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

Шкендија забележа победа над романскиор првак ФЦСБ (1:0), во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во главната фаза…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?