Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск: Јас не користам дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илон Маск: Јас не користам дрога
СВЕТ

Илон Маск: Јас не користам дрога

Објавено June 1, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.

Да бидам јасен, ЈАС НЕ користам дрога! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив за тоа на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го користел тоа“, напиша најбогатиот човек во светот.

Во својот напис во петокот, „Њујорк Тајмс“ објави дека Маск консумирал значителни количини на кетамин, анестетик со стимулирачки ефекти, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.

Илон Маск, извршниот директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи ниски дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно.

„Њујорк тајмс“ ја темели својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.

„Волстрит журнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дроги, вклучувајќи го и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.

Во петокот, Маск поднесе оставка од американската администрација, каде што беше задолжен за намалување на федералните трошоци. Тој рече дека го прави ова затоа што ги запоставил своите компании.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по 5:0 против Интер
Следна Статија Луис Енрике – две тројни круни со двa различни тима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин: Западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските…

September 5, 2025
СВЕТ

Орбан: Ниту еден патриот денеска не смее да остане дома

Ниеден патриот денеска не смее да остане дома – порача актуелниот премиер на Унгарија и лидер на десничарската и конзервативна…

April 12, 2026
СВЕТ

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Турција: Се се тресе, луѓето бегаат

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на…

October 16, 2024
СВЕТ

Уште едно пукање од страна на федерален агент во Минеаполис

Федерален агент застрела и рани маж во ногата во американскиот град Минеаполис откако беше нападнат, дополнително интензивирајќи го чувството на…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?