Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба

Објавено June 1, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Венко Филипче иако не смеел, дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни материјали, рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница.

Повеќето директори на болници низ целата Македонија се противеле на поставување на модуларни болници, бидејќи немало приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци, да ангажираат фирми итн. Во овој дел, Светска банка барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, бидејќи не е запазена процедурата и одредбите од Законот за градење. Катастарот одбивал да врши упис на истите, бидејќи се набавени како стоки и нема извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење за да се запишат, а Катастарот врши упис само на недвижности. Економскиот директор на Тетовската болница, каде што се случи пожарот, до последен момент се противел на поставување на модуларните болници, бидејќи не се опремени за да се издава здравствена и медицинска нега ниту пак биле во рамките на законските прописи. Сепак, со одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба“, истакна Манасиевски.

Тој нагласи дека „клучен факт е дека во моментот на критичниот настан, модуларната болница во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство. Болницата изгорела за неполни две минути, за што има и снимки, листа на документи и докази кои Јавното обвинителство ги крие“.

Манасиевски го обвини Филипче дека „дозволил пациенти со тешка клиничка слика да се лекуваат во објекти кои не можеле да служат за ништо друго, освен како настрешници“.

„Дали Јавното обвинителство го штити Филипче? Зошто обвинетите поранешни директори на Тетовската болница рекоа дека вистинскиот виновник треба да седи до нив на обвинителната клупа, а тоа е Венко Филипче? Зошто Филипче е изземен од целата оваа ситуација? Дали судиите одработуваат за него, во знак на благодарност за можноста да бидат избрани?“, праша Манасиевски.

Нови детали најави за утре во 12 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции
Следна Статија Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити…

December 13, 2024
ПОЛИТИКА

Митески: Во функција првиот калистеника парк во Македонија

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи сподели дека во функција е првиот калистеника парк во Македонија. Митески посочи…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ прогласи победа во Крива Паланка

Кандидатот за градоначаник на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, предмалку на својот Фејсбук профил прогласи победа. „Победа…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбол на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави визионерски план за пренамена на Градскиот…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?