Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“, вели Ангелов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“, вели Ангелов
МАКЕДОНИЈА

Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“, вели Ангелов

Објавено June 2, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори.

Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотична состојба, рече Ангелов во Тема на денот на ТВ Сител.

Ангелов рече дека се надева дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека благодарение на силната поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, тој процес би можел да се заокружи по локалните избори.

За состојбите во ДЗС рече дека е во исклучително тешка состојба, а меѓудругото и поради тоа што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што придонело и онака лошата состојба да стане уште полоша.

-Во овој момент состојбата со eр-тракторите е исклучително комплицирана. Едниот Ер трактор го вративме од сервис. Останатите два би рекол се на сервис но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет но верувам дека со силна поддршка на прфемиерот и на Владата ова ќе биде надминато, рече Ангелов.

Кажа дека во тек се разговори со потенцијални пилоти бидејќи недостасуваат двајца пилоти. Веќе имал средба со еден пензиониран пилоти и оти верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето. Гледаме, рече Ангелов, и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска
Следна Статија Еве какви се цените во Ситонија на почетокот на јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Возачот на Итната помош Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, а заканите се добиени на приватни мејлови кои не треба веќе да се користат

Дојавите за поставени бомби кои ги добија утринава основни и средни училишта во државата се лажни, а министерката за образование…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста

Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Државната комисија за спречување на корупција отвора предмет за обвинувањата на опозицијата со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. Комисијата…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?