Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Објавено June 2, 2025 11:18
Сподели
Сподели

Владата најави двојно зголемен буџет за науката и научната дејност во Македонија.

Во моментот имаме два огласи кои ги објави Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно-истражувачки проекти и апликации, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан по повод 80 години од постоењето на Државен завод за статистика.

Ги повикувам колегите од универзитетите да поднесат барање. Тоа е многу важно. Истовремено сакам да кажам дека вкупниот фонд за наука е зголемен од 5 ипол милиони евра во 2024-та година на 670-680 милиони денари, речиси двојно во 2025-та година. Тоа не е доволно, се разбира. Како човек од науката кој што доаѓа од УКИМ, велам дека не е доволно. Треба уште, но е подобро од тоа што беше во минатото. Се надевам дека во годините кои следат ќе имаме уште повеќе да понудиме за науката бидејќи науката е двигател на развојот на една држава, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Просечната европска пензија во 2022 година била 1.345 евра, Норвешка и Шведска се на врвот
Следна Статија „Центар преплавен во смет“: Герасимовски најави ригорозни мерки против „Комунална хигиена“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието

Уставниот суд го одби барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој,…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бонџино објави репортажа за тоа како УСАИД и Сорос ја финансираа мигрантската криза и Шарената револуција во Македонија

Еден од водечките американски политички коментатори, Ден Бонџино, на својата интернет страница објави текст за злоупотребите на програмите на УСАИД за…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа

Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт.На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?