Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вреди: Додека Данела, ДУИ и Левица си делат тендери, граѓаните плаќаат двојно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Вреди: Додека Данела, ДУИ и Левица си делат тендери, граѓаните плаќаат двојно
ПОЛИТИКА

Вреди: Додека Данела, ДУИ и Левица си делат тендери, граѓаните плаќаат двојно

Објавено June 2, 2025 19:18
Сподели
Сподели

Вчера ветивме дека многу бргу ќе ѝ ја покажеме на јавноста криминалната шема што ја прикрива коалицијата Данела Арсовска – ДУИ – Левица. Вчера ветивме дека ќе ви го покажеме криминалот. Денес сме тука со конкретни документи, објавија од Вреди.

ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина.
Еве го договорот.

Повелете да го видите Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и фирмата „Веда ДООЕЛ“.

Се гледа дека парите ги прима – Валон Беџети, син на Блерим Беџети, кој и се има потпишано.

Предмет – „интелектуални услуги – давање на совети за заштита на животната средина“ без јасно дефинирани резултати, секако, да потсетам дека човекот на кого ЈП Комунална хигиена му плаќаат скоро 12.000 евра за совети е осумнаесет годишно дете.

Еве погледнет и видете ја едната ставка: 775.000 денари за совети за заштита на животната средина.

Со еден потпис, парите на скопјани завршуваат на сметка на фамилијата Беџети, додека Скопје тоне во ѓубре и нечистотија.

Секако овој директор е поставен од другарката на Блерим Беџети, градоначалничката Данела Арсовска.

Секако, ова е коалицијата на ДУИ, Левица и Димитар Апасиев од кој ќар имаат лично тие, а губат граѓаните на Скопје.

Истото јавно претпријатие веднаш издава фактура бр. 73818 за истата сума од 775.000 денари за „извршени“ услуги. Фактурата е потпишана од истата посредничка фирма, без доказ дека услугата воопшто е започната – камоли завршена.

Рецептот се повторува – втор корисник, близок роднина на директорот на ЈП Комунална хигиена Сабахедин Рустеми.

Погледнете ја Фактура бр. 73819 која носи ново име: Бесар Саќипи – близок роднина на в.д. директорот на претпријатието, Сабахедин Рустеми.

Описот е речиси копи-пејст: „имплементирање нови техники за заштита на животната средина“.

Повторно договорени 775.000 денари.

Истиот ден, истата сума, истата шема – овојпат за роднина на човекот што ја контролира касата. Во еден ден по 12.000 евра за синот на Блерим и за роднината на директорот назначен од Блерим.

Штетата која е направена е 1.550.000 денари – еднаква на годишен буџет за нови контејнери во неколку скопски населби.

Затоа од Вреди бараат од институциите:

Од Јавното обвинителство – веднаш да покрене постапка за злоупотреба на службена положба и перење пари.

Од ДКСК – да отвори предмет за судир на интереси и непотизам.

Од МВР – Единица за економски криминал – да направи финансиска истрага на сите плаќања кон „Веда ДООЕЛ“ и поврзаните лица на Блерим Беџети, Данела Арсовска и Диитар Апасиев.

Од Градот Скопје – да го раскине договорот и да побара поврат на средствата, да го разреши директорот на Блерим Беџети и да свика седница на Советот за да ги информира граѓаните за овој скандал на непотизам и корупција.

Градоначалничке Данела Арсовска,вие лично ги поставивте овие директори, кои знаевте дека се блиски на вашиот другар Блерим Беџети, тврдат од Вреди.

Оттаму на Арсовска и посочуваат дека има два избора:

Прво, да ги разрешите и да поддржите истрага, или

Второ, да останете соучесници во кражбата од џебот на скопјани.

Вреди ќе продолжи да ја разобличува оваа коалиција на корупција и омраза. Од денес, секој ден ќе објавуваме нов документ за дивоградбите, фиктивните фактури и партиските вработувања што ги храни оваа структура.

Додека Данела, ДУИ и Левица си делат тендери, граѓаните плаќаат двојно: со својот новчаник и со своето здравје. Оваа прес-конференција е прв чекор кон правдата. Следниот чекор е на институциите – ние нема да застанеме додека оваа шема не добие судска разрешница, нагласуваат од Вреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Гејтс: Ќе ги дадам повеќето од моите милијарди на Африка, не сакам да умрам богат
Следна Статија Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини

За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега…

April 15, 2025
ПОЛИТИКА

Касами за Таравари: Ние не го избркавме, туку сам излезе и отиде кај ДУИ

Биљал Касами негира дека Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е избркана од коалицијата Вреди, бидејќи, според него, Таравари сам…

April 30, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: ЛДП не ја напушта коалицијата со СДСМ, но делува независно

Претседателката на ЛДП, демантира дека партијата ќе ја напушти коалицијата со СДСМ. Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?